1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лидерите на Латинска Америка профитираат од аферата Сноуден?

Мрежата за шпионажа на САД е раширена низ цела Латинска Америка, се вели во извештај во еден весник во Бразил. Земјата сака да го изведе случајот пред ОН. Експертите гледаат политичка шанса за Латинска Америка.

Како новите информации од поранешниот американски агент Едвард Сноуден, така и принудното слетување на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес во Виена би можеле да бидат шанса за властодржците во Латинска Америка, себеси да се претстават како жртви и јунаци, во контекст на старата непријателска слика за САД.

Шефовите на држави или влади денеска (12.07.2013) на крајот на самитот на јужноамериканскиот сојуз на земји Меркосур сакаат да објават документ во кој ќе го осудат прислушувањето и надгледувањето на интернет податоците и телефонските врски на граѓаните во Латинска Америка од страна на САД. Заедничката декларација треба да ја изрази загриженоста на земјите за шпионажата во регионот.

Шпионажата на НСА во огромни размери

Präsident Barack Obama und Präsidentin Dilma Vana Rousseff Brasilien Flash-Galerie

Претседателот Обама и претседателката Русеф во 2011 година

Во вторникот  (09.07.2013) бразилскиот весник „О Глобо“ информираше дека шпионската мрежа на САД, која ја откри Сноуден, била раширена низ цела Латинска Америка. Програмите за надгледување не биле насочени само кон цели на војската, туку и кон деловни тајни, пишува весникот. Главно биле прислушувани Бразил, Мексико и Колумбија, која воедно е и најважниот воен партнер на САД во регионот. Во Колумбија Американците главно во визирот ја имаат трговијата со дрога и движењето на бунтовничките ФАРК герилци.

Во Мексико под лупа била како трговијата со дрога, така и енергетската бранша. Во Венцуела САД главно собирале информации за нафтениот сектор. Исто така и Аргентина, Еквадор, Панама, Коста Рика, Никарагва, Хондурас, Парагвај, Чиле, Перу и Ел Салвадор биле шпионирани во помали размери, како што произлегува од документите на НСА, кои му биле достапни на весникот „О Глобо“.

Политичко разграничување и внатрешна мобилизација

Bolivien Präsident Evo Morales am 4. Juli 2013 in Cochabamba

Моралес по враќањето од Виена. Политичка шанса?

Аферата НСА има и аспекти, кои можат да се сметаат за позитивни за латиноамериканските шефови на држави. Прво, принудното слетување на авионот на боливискиот претседател во Виена придонесе за зближување на земјите во Латинска Америка, појаснува Бетина Шор, научен координатор во Институтот за Латинска Америка во Берлин. „Латинска Америка во изминатите години многу се промени и се отцепи од претходно големата зависност од САД“, појаснува Шор во разговор за ДВ. Оваа независност не е само поради глобалниот економски развој, туку и поради промените во политичката ситуација од крајот на 90-тите, кога левичарските партии и влади во регионот сукцесивно дојдоа на власт.

Второ скандалот имаше и интерно влијание: Властодржците можеа да се профилираат преку него, појаснува Шор. Аферата за претседателот Моралес од Боливија, каде наредната година се одржуваат избори била „неверојанта помош во кампањата“. На тој начин тој можеше пред избирачите да се претстави како жртва на „империјалистичките интриги“ и како некој, кој со солидарноста на соседите се бори против овие интриги. „САД се претставуваат како најголемиот непријател, тоа е аргумент, кој делува мобилизирачки и кој може да ги изведе луѓето на барикади, бидејќи се чувствуваат неправедно третирани“.

Само дипломатско жестење?

Chile Diktatur General Augusto Pinochet

По пучот поддржуван од САД во 1973 година во Чиле владееше воената хунта на Аугусто Пиноче

Освен заедничката осуда на надгледувачките активности на САД во Латинска Америка лидерите во регионот на Меркосур самитот имаат намера да објават и одлука за поддршка за Ево Моралес. Претседателите на Бразил, Аргентина, Уругвај и Венецуела сакаат да усвојат заеднички документ со кој ќе барат објаснувања и извинувања од Франција, Португалија, Италија и Шпанија. Овие четири земји го спречија прелетувањето на Моралес, кога тој се враќаше од неговото службено патување од Русија, бидејќи постоело сомневање дека во авионот се наоѓал Едвард Сноуден.

Исто така и Колумбија, Мексико и Чиле оваа недела изразија остра критика против САД и бараа објаснување за собирањето на информации. Трите влади се сметаат за традиционални сојузници на Вашингтон во регионот.

Но повеќе од дипломатското жестење на Латинска Америка не може да се очекува, вели Берт Хофман од ГИГА институтот. Државите на регионот знаеа „дека нема да има извинување“. Освен тоа и натаму ќе останат тесните економски врски меѓу северна и јужна Америка. „Многу држави не сакаат да стапат во отворен конфликт со САД“. Но и покрај тоа Венецуела, Боливија и Никарагва му понудија азил на Сноуден.