Лига шампиони-финале | Теми | DW | 26.05.2004
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лига шампиони-финале

Фудбалска Европа вечерва ќе го добие новиот клубски шампион.

Шампионскиот пехар

Шампионскиот пехар

Германскиот град Гелзеркинхен е домаќин на финалниот натпревар од лигата на европските шампиони помеѓу францускиот Монако и португалскиот Порто. Пресметката на овие два тима започнува во 20.45 на велелепниот стадион ,"Арената Ауфшалке"

Монако и Порто вечерва ќе се обидат да го достигнат врвот на фудбалска Европа. Порто по вторпат во своето трето финале, прво од формирањето на лигата на шампионите, поранешен куп на европски шампиони и Монако кој вечерва за првпат ќе игра финале во најреномираното европско клубско натпреварување.

Влогот во овој натпревар кај двата тима е огромен. Очекувањата се големи, но со доза претпазливост. "Очекувам изедначен и нервозен натпревар, не треба да се очекуваат многу голови, ќе одлучуваат детали" изјави тренерот на Монако Дидие Дешамп кој досега како фудбалер играл во пет европски финалиња, а своил две титули.

Тимот на Жоже Мурињо, според стратегот на Монако, влегува како фаворит во натпреварот , пред се заради искуството, но тоа не значи дека ние мислиме дека не можеме да победиме, вели Дешамп кој вечерва ја има можноста, да стане најмладиот тренер кој ја освоил оваа титула.

Порто, досега еднаш ја освои титулата, во 1987 година, кога во финалниот натпревар во Виена го победи Минхенски Баерн со 2-1. Годината потоа во истото натпреварување во првото коло играше со скопски Вардар. Натпреварот на реновираната арена во Гелзенкирхен, која собира 53 илјади гледачи ќе го води, данскиот интернационалец Ким Милтон Нилсен, кому од досегашните 134 меѓународни натпревари ова му е прво судиско финале.