1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лига на шампиони

Вчера се одигра шестото и последно коло од предрундата во Лигата на шампионите што ќе биде комплетирано со вечерашните натпревари во групите "А", "Б", "Ц" и "Д". Во групата "Е" синоќа беа постигнати следниве резултати: Манчестер Јунајтед - Штутгарт 2 спрема 0, за наредните натпревари се пласираа овие две екипи. Во вториот натпревар Глазгов Ренџерс загуби дома од Панатинаикос со 3 спрема 1, па клубот од Атина ќе игра во купот на УЕФА. Во групата "Ф" Реал Мадрид и Порто играа нерешено 1 спрема 1- обете одат натаму, додека во вториот натпревар, Партизан од Белград и Олимпик од Марсеј исто така се разделија со 1 спрема 1, па белградската екипа не успеа да се избори за место во купот на УЕФА. Во групата "Г" Спарта од Прага го совлада Лацио дома со 1 спрема 0 и како второпласирана обезбеди натамошен пласман. Лондонски Челзи беше подобар од истанбулски Бешикташ на негов терен со 2 спема 0 и ги заврши натпреварите во оваа група како прв. Во групата "Х" Милан загуби дома од Селта Виго што им овозможи на Шпанците да одат натаму заедно со Милан. Во вториот натпревар белгиски Бриж го победи Ајакс од Амстердам со 2 спрема 1 и ќе игра во купот на УЕФА. Од германските клубови во Лигата на шампионите вечер шанса за натамошен пласман има и Баерн од Минхен кој безусловно треба да го победи Андерлехт. Во истата група се среќаваат уште и Олимпик Лион против Селтик од Глазгов. Во другите вечерашни натпревари се среќаваат: Динамо Киев - Интер од Милано; лондонски Арсенал против Локомотив од Москва, АЕК од Атина игра против Монако, Ајндховен со Депортиво ла Коруња и Јувентус - кој веќе се пласира натаму - против Олимпијакос од Пиреа, како и Сан Себастијан против Галатасарај. За в петок 12 декември во швајцарскиот град Нион е најавено извлекувањето на двојките во наредното коло.