1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лига на шампиони: Бајерн загуби во Базел

И двата синоќешни (22.02.2012) натпревари во фудбалската Лига на шампионите беа решени во последните минути. Домаќините славеа минимални победи.

default

Играчите на Бајерн, Лам и Милер со наведнати глави го напуштаат теренот

Влезот на Бајерн Минхен во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони е неизвесен. Германскиот тим загуби со 0:1 на гостувањето во Швајцарија од ФЦ Базел во првиот натпревар од осминафиналниот дуел и сега ќе има тешка задача на натпреварот на свој терен, кој ќе се одигра на 13 март. Баварците и синоќа одиграа натпревар под своите можности и ќе треба навистина да „запнат“ доколку сакаат да го минат осминафиналето и конечно да го остварат сонот- да играат во годинешното финале во Лигата на шампионите кое ќе се игра во нивната „Алијанц арена“.

Champions League Marseille gegen Mailand

Стрелец на единствениот гол во мечот Марсеј- Интер беше Андре Ају (десно во дел со Хавиер Занети)

Во вториот синоќешен натпревар од Лигата на шампионите Олимпик Марсеј беше подобар од Интер од Милано и победи со 1:0.

Инаку и двата натпревара беа решени во последните минути.

Базел кој заедно со Апоел Никозија се најголемите изненадувања во оваа сезона во Лигата на шампионите победи со голот на Валентин Штокер во 86. минута.

На „Велодром“ во Марсеј, Андре Ају му ја донесе победата на Олимпик со погодокот дури во 3. минута од судиското надополнување.

Автор: СН/ БГ/ миа/ дв

Редактор: А.Трајковска