1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лига на шампионите: прв пораз на Вилјареал

Во средбите од четвртфиналето Интер го совлада Вилјареал со 2 спрема 1, додека во Олимпик и Милан играа нерешено 0 спрема 0

Во Милано гостите од Шпанија по само 46 секунди го изненадија Интер со водството остварено преку Диего Форлан. Но, Интер успеа брзо да изедначи, веќе во 7-та минута преку Адриано и тоа по голема грешка на Пења. Отука натаму работите на теренот ги диктираше домаќинот. Напорите беа наградени во 55-тата минута со голот на Мартинс. Вилјареал, кому ова му е прв пораз годинава во Лигата на шампионите, имаше шанса да израмни преку Рикелме во 63-тата минута, кој од слободен удар ја погоди пречката.

Во Лион теренска надмоќ на Олимпик, но играчите на Милан можат да жалат за трите неискористени шанси на најдобриот стрелец во Лигата на шампионите Андреј Шевченко во првото полувреме – во сите три ситуации прекрасно интервенираше голманот Купе. Лион имаше една гол-шанса, но Педрети не успеа да го совлада Дида.

Потсетуваме дека во средбите играни во вторникот Арсенал го совлада Јувентус со 2 спрема 0, а Бенфика и Барселона играа нерешено 0 спрема 0. Реванш-натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите се на 4-ти и 5-ти април.