1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лига на шампионите: прв пораз на Баерн, прва победа на Вердер

И натаму добри изгледи на Баерн. Вердер ја зграпчи последната шанса. Барселона и Ливерпул се квалификуваа за осминафиналето

Клозе ја отвори серијата на Вердер

Клозе ја отвори серијата на Вердер

Баерн со тактички одлично поставена игра рамноправно му се спротивстави на Јувентус во Торино, па сепак е поразен со 2 спрема 1 и не успеа пред време да го обезбеди учеството во вториот круг на Лигата на шампионите. Две брзи реакции на Давид Трезеге во полушанси му ја донесоа победата на домаќинот, голот за Баерн го постигна Дајслер од слободен удар од оддалеченост од 38 метри! Сега Јувентус и Баерн во А-групата имаат по 9 бодови, но и натаму шанси за пласман во осминафиналето има и белгискиот претставник Бриж, кој го совлада Рапид од Виена со 3 спрема 2.

Рапид во првите 4 кола од Лигата на шампионите не освои ни бод.

Разврската може да падне во наредното коло: Баерн го пречекува Рапид, Бриж му гостува на Јувентус.

Вердер ја постигна првата, безусловно неопходна победа за да ги одржи шансите за пласман во четвртфиналето. Во Бремен гледачите видоа ретко драматичен натпревар: домаќинот со фуриозен настап обезбеди предност од три спрема нула, Удинезе стигна до изедначување од три спрема три, притоа со голема помош на противникот – првиот гол беше класичен кикс на голманот на Вердер, израмнувачкиот беше автогол! Но, извонредниот Мику со својот втор гол на средбата се погрижи сепак да триумфира спортската правда. Сега во Ц-групата владее целосна неизвесност во борбата за второто место; Удинезе, Вердер и Панатинаикос имаат по 4 бодови. Првото е резервирано за фаворитот Барселона, која има 10 бодови и веќе обезбеди учество во осминафиналето. Популарната Барса го совлада Панатинаикос од Атина со 5 спрема 0, што е највисока победа на шпанскиот тим во Лигата на шампионите досега. Во наредното коло Вердер и’ гостува на Барселона.

Пласман во натамошните натпревари на две кола пред крајот на натпреварите по групи обезбеди уште еден фаворит – Арсенал, кој во лондон ја совлада Спарта од Прага со 3 спрема 0. Лондонските „топчии“ имаат стропроцентен ефект: 12 бодови од 4 средби. Холандскиот тим Ајакс од Аматердам како гостин го победи швајцарскиот претставник Тун со 4 спрема 2, и сега има 7 бодови. Тун остана со 3, а Спарта со само еден освоен бод во Б-групата.

Д-групата е најизедначената во Лигата на шампионите годинава. До ова коло водечкиот Манчестер Јунајтед потклекна на гостувањето кај Лил, каде е поразен со 1 спрема 0. На првото место скокна шпанскиот тим Вилјареал, кој приреди изненадување со победата над Бенфика во Лисабон, исто така со 1 спрема 0. Вилјареал има шест бодови, Манчестер Јунајтед и Лил по 5, Бенфика 4.

Зоран Јордановски