1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лига Европа: Франкфурт го пропушти возот

Реванш натпреварите кои се одиграа во рамките на шеснаесетфиналето во Лига Европа донесоа многу возбудувања, а вистинска драма се случуваше на натпреварите во Софија и во Франкфурт.

Германскиот клуб не успеа да обезбеди влез во осминафиналето. Порто оди во следната фаза благодарение на повеќето погодоци кои ги постигна на гостински терен. Првиот меч во Португалија заврши 2:2, а во Франкфурт, Ајнтрахт и Порто одиграа 3:3.

Ајнтрахт имаше предност од 2:0, Порто израмни на 2:2, потоа Мејер му донесе нова предност на Ајнтрахт, која ја анулира Гилас во 86.минута.

Лудогорец и Лацио одиграа 3:3, па бугарскиот шампион поради победата од 1:0 на првиот натпревар оди во следната фаза. Инаку Лацио до 67.минута имаше предност од 0:2, со головите на Кеита и Переа, но Лудогорец израмни преку Безјак и Златански во 78.минута. Клосе му донесе предност на Лацио четири минути подоцна, но Жунињо во 88.минута ги постави конечните 3:3.

Наполи, во чии редови Горан Пандев одигра 60 минути го елиминира Свонси, откако во реваншот победи со 3:1. Инсиње, Игуаин и Илнер беа стрелци за Наполи, а Де Гузман за Свонси.

Тотенхем беше на чекор до елиминација, откако Дњипро прв постигна гол во реваншот преку Зузулија. Ериксен успеа да израмни, а откако стрелецот за Дњипро, Зузулија доби директен црвен картон, Адебајор со два гола го однесе својот тим во осминафиналето.

Изненадувањето во шеснаесетфиналната фаза го направи Анжи, оваа екипа во Белгија го совлада Генк со 2:0, откако на првиот меч резултатот беше 0:0. Рубин Казан-Бетис 0:2 (прв натпревар (1:1)

Наполи-Свонси 3:1 (0:0)

Севилја-Марибор 2:1 (2:2)

Шахтјор-Викторија Плзен 1:2 (1:1)

Лудогорец-Лацио 3:3 (0:1)

Салцбург-Ајакс 3:1 (3:0)

Базел-Макаби 3:0 (0:0)

Ајнтрахт-Порто 3:3 (2:2)

Генк-Анжи 0:2 (0:0)

Тотенхем-Дњипро 3:1 (0:1)

Трабзон-Јувентус 0:2 (0:2)

Лион-Черноморец 1:0 (0:0)

Фиорентина-Есбјерг 1:1 (3:1)

Валенсија-Динамо Киев 0:0 (2:0)

Бенфика-ПАОК 3:0 (1:0)

АЗ Алкмар-Слован Либерец 1:1 (1:0)