1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Лига Европа: Победи на Челзи и Фенербахче

Фудбалерите на Фенербахче и Челзи се на чекор до пласманот во финалето на Лига Европа, откако забележаа победи во првите полуфинални натпревари над Бенфика односно Базел.

Фенербахче, во Истанбул, забележа победа над Бенфика од 1:0, стрелец на единствениот гол беше Коркмаз во 72.минута од натпреварот. Инаку, турскиот тим можеше да запише и поуверлива победа, играчите на Фенербахче во првото полувреме не искористија пенал, а во продолжението два пати ја погодуваа стативата.

Фенербахче се обидува да стигне до своето прво европско финале, додека Бенфика последен пат се радувала на трофеј во европските купови пред 50 години.

Бенфика два пати го освојуваше Купот на шампиони (1961, 1962), а уште шест пати овој тим играл во финале на некој од европските купови.

Челзи направи голем чекор кон финалето, откако како гостин победи во Базел со 2:1. Головите за Челзи ги постигнаа Мозес во 12. и Луиз во 94.минута од натпреварот, додека за Базел прецизен беше Шар во 87.минута од пенал. ’Сините’ од Лондон кои се’ уште се’ актуелни европски шампиони со евентуалното освојување на трофејот во ова натпреварување би станале само четвртиот клуб во историјата по Јувентус, Ајакс и Баерн, кој ги освоил двата трофеи (лига на шампиони и Лига Европа). Реванш натпреварите во Лисабон односно Лондон ќе се одиграат на 2.мај, финалето ќе се одигра на 15.мај во Амстредам.