1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либијците сакаат НАТО да остане

НАТО денеска ја завршува интервенцијата во Либија, по успехот на седуммесечната мисија. Преодниот совет во земјата сега е исправен пред големи предизвици.

default

На стотици борци во текот на викендот во Бенгази им беше оддадено признание.

Една група Либијци за време на церемонијата држеше транспарент на кој пишуваше „Денеска го положуваме оружјето, за да ги подигнеме нашите пенкала“ - борци кои повторно сакаат да се вратат на некој од универзитетите за да студираат или да бидат професори. Многумина Либијци, имено, се изјаснија дека по смртта на Гадафи сакаат да бидат цивили.

Други, меѓутоа, демонстрираа дека не сакаат да му се подредат на преодниот Национален совет.

Новите власти во Либија би можеле да имаат проблеми да формираат ефикасни државни сили за безбедност, кои ќе се грижат за безбедноста во земјата и ќе ја контролираат границата долга илјаднции километри со соседите. Затоа претседателот на преодниот Национален совет, Мустафа Абдел Џалил упати молба до земјите кои учествуваа во интервенцијата на НАТО, денеска да не го завршуваат својот ангажман во Либија, туку да го продолжат најмалку до крајот на годината.

„Се’ уште ни е потребна помошта на нашите пријатели, за да ги обезбедиме нашите граници. Тоа ќе и помогне на Либија, на соседните држави и на јужноевропските земји.“

Libyen Mustafa Abdul Dschalil Übergangsrat

Мустафа Абдул Џалил

Станува збор за неброено оружје, кое е во оптек во Либија, за африканските бегалци, кои нелегално сакаат да стигнат во Европа, но и за лица и натаму верни на Моамер Гадафи кои ќе сакаат да се обидат да ја дестабилизираат Либија. Имено Саиф ал Ислам, еден од синовите на Гадафи и натаму е во бегство. Иако преку посредници се обидувал да преговара со Меѓународниот суд во Хаг, се’ уште постои можноста да му се изгуби трагата во соседен Нигер и оттаму да поттикнува немири во Либија.

Нова мисија под водство на Катар

Меѓутоа НАТО консеквенто се повика на својот мандат, кој се темели на заштита на цивилното население, а не предвидува гонење на пооделни членови на соборениот режим.

Прашањето е дали ќе се формира нова Алијанса за поддршка на Либијците, како што беше најавено мината недела од Катар. Врховниот командант на силите за безбедност на Емриатот, генерал мајор Хамад бин али Алатије појасни дека западните сојузници постигнале согласност за натамошна поддршка на Либија под водство на Катар.

Министерството за надворешни работи во Франција воздржано реагираше на ваквите најави. Портпарол изјави дека најавите се забележани, но прерано е истите да бидат коментирани. Францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе пак изјави:

„Постои ли друг пат за поддршка на преодниот Национален совет во Либија? Ќе видиме“.

Автор: Бјерн Блашке/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски