1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либијците го полагаат оружјето

Либиската влада започна со разоружување на населението. Првата акција на собирање оружје протече неочекувано успешно. Што ќе се случи со милициите, се‘уште е нејасно.

Стотоци Либијци вчера (29.09.2012) го послушаа повикот на военото раководство да го предадат оружјето. Во Триполи и во Бенгази се собрани повеќе од 600 видови оружје, меѓу кое пушки, бомби, протиавионско оружје, ракетни фрлачи и муниција. Имаше дури и тенк, вели еден од учесниците во акцијата. Портпаролот на војската Орман ал-Варфали го истакнува впечетливиот одзив на повикот на владата.

Стотици граѓани од сите делови на општеството го предале оружјето: жени, мажи, млади, дури и деца кои носеле куршуми најдени на улиците, вели Ал-Варфали. Акцијата треба да продолжи во другите либиски градови.

Владата проценува дека постојат околу 200 илјади вооружени Либијци. Досегашните повици за предавање на оружјето наидоа на мал одек.

„Сакам да живеам во земја во која оружје носат само војската и полицијата“, истакнува еден бизнисмен од Бенгази, кој предаде автоматски пиштол. Но, пушката сака да ја задржи додека да се подобри безбедносната ситуација, дополнува тој.

Задоцнети потези на владата

За време на востанието против властодржецот Моамер ал-Гадафи и во периодот непосредно по неговот соборување, на двете страни се формираа бројни милиции. Доаѓаше до бројни меѓусебни судири, во некои делови од земјата милициите се обидоа да го земат законот во свои раце.

Дури по нападот врз американскиот конзулат во Бенгази во средината на септември и убиството на амбасадорот и тројца други американски државјани, повиците за разоружување на милициите станаа погласни меѓу населението. Пред околу една недела либиската влада започна со расформирање на парамилитарните организации.