1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либијците ги слават изборите

Покрај повиците за бојкот, напади врз избирачките места и изгорени гласачки ливчиња - на многу места во Либија владее славеничко расположение на првите избори по смртта на Гадафи.

Парламентарните избори особено беа прославени во главниот град Триполи. Часови пред да бидат отвoрени избирачките места таму се формираа редици. Многумина Либијци го покажуваа знакот за победа и извикуваа „Алаху Акбар“ - „Господ е голем“. На улиците автомобилите свиреа, изразувајќи триумф. Избирачи се обвиткуваа со националното знаме, жени делеа слатки, пееја песни и се прегрнуваа, додека чекаа да го дадат својот глас. 

По дадениот глас гордо се покажуваше зацрнетиот врв на прстот, кој служеше за контрола. „Воопшто не можам да го опишам чувството. Ја плативме цената за тоа, имаме двајца маченици во семејството“, изјави една 50-годишна учителка, која првпат во животот смее слободно да избира.

Наспроти ова, парламентарните избори на истокот на земјата, богат со нафта, беа засенети од насилни акти и гласачите беа попречувани да го дадат својот глас. Во Бенгази, според очевидци, бунтовници навлегле во едно избирачко место и демонстративно изгореле стотици избирачки ливчиња. Регистирирани беа инциденти и на други места.

И покрај инцидентите, според податоци на изборната комисија само шест проценти од избирачките места биле затворени. За обезбедување на изборите беа ангажирани голем број војници и полицајци. Според првичните информаци на Изборната комисија, на изборите учествувале 60 проценти од гласачите.

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека ова е „огромен чекор“ на преминот на Либија кон демократијата. Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ги пофали изборите како „Почеток на нова демократска евра“. И покрај информациите за поединечни насилни акти, Либијците „со достоинство одлучуваа за својата иднина“.

Речиси 2,9 милиони избрачи во Либија беа регистрирани  за изборите. Тие одлучуваа за 200 места во преодниот парламент. За место во парламентот се бореа 3.700 кандидати, меѓу нив 630 жени. Првичните резултати се очекуваат