1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Либија e интересна за германското стопанство

Голема стопанска делегација за таа цел од вчера па до вторник престојува во Триполи за да ги испита сите можности за директни вложувања и соработка на повеќе полиња

Шредер и Гадафи во Триполи

Шредер и Гадафи во Триполи

И германскиот канцелар Герхард Шредер при историската посета кон средината на октомври најави:

“Дами и господа, интересот на германското стопанство за изградба на врските со Либија е многу голем!“

На седмиот германско-либиски стопански форум допатуваа 200 претставници на најголемите германски фирми, меѓу кои се Сименс, БАСФ, градежниот концерн Хохтиф, Комерц банка и туристичкиот гигант ТУИ. Сите тие се надеваат на добри зделки со либиските партнери, а подлога за тоа е фактот што оваа блиско источна држава за време на стопанската изолација има насобрано девизни резерви од преку 15 милијарди евра. Истовремено земјата мора да инвестира во инфраструктурата, во енергетскиот сектор, во секторот на конзумот. За сето тоа на Либија и требаат и нови партнери:

“Либија се реши да одлета од од Блискиот исток. Ние веќе не им припаѓаме на земјите од Блискиот исток“ - симболично ја нагласува посилната ориентација кон Западните земји, синот на шефот на државата Муамер Ел Гадафи и негов потенцијален наследник.

Германија е по Италија вториот по големина трговски партнер на оваа северно-африканска земја и многу е заинтересирана за испораки на нафта. Минатата година Либија испорача во Германија нафта во висина од 1,8 милијарди евра. Сепак, германските стопанственици нагласуваат и дека за натамошната соработка неопходно е да дојде до одредени промени во Либија:

“Условите мора да станат постабилни. Не смеат тоа да бидат постојано некакви вонредни услови за стопанска соработка, туку да постојани и во склад со меѓународните стандарди. Само на тој начин че биде создадена доверба што ќе и погодува на потребната клима за инвестиции“ - посочува Петер Гепфрих, шеф на германско-либиската трговска комора.