1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либија се движи кон нова криза

Премиерот Мустафа Абу Шагур требаше да ја води Либија при надминувањето на внатрешно-политичката криза. Сега парламентот му изгласа недоверба и со тоа де факто ја загуби функцијата.

Речиси четири недели по неговиот избор, на премиерот на Либија му беше изгласана недоверба. Мустафа Абу Шагур не можеше да го убеди Националното собрание и покрај подобрените предлози за состав на неговиот кабинет. 125 пратеници вчеравечер гласаа против премиерот, додека 44 за него. Со тоа првиот слободно избран премиер по падот на диктаторот Моамер ел Гадафи ја загуби функцијата.

Меѓу пратениците и населението се создаде огромен отпор поради првобитната министерска листа. Со ова, неколку месеци по првото мировно преземање на власта по 40 години, до израз доаѓаат големите проблеми, кои попречуваат да се формира стабилна влада во оваа северноафриканска земја.

Мустафа Абу Шагур беше избран на 12. септември од Собранието и најави дека има намера да ги реши безбедносите проблеми на оваа северно-африканска земја богата со нафта. По падот на Гадафи мината година голем број вооружени групи во Либија се противат да го положат оружјето.