1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либија не разликува меѓу пријател и непријател

Гадафи повеќе го нема, но правото и законите во Либија не се гарантирани. Новите властодржци држат затворени претставници на Меѓународниот кривичен суд и зборуваат за шпионажа.

Непочитувајќи го дипломатскиот имунитет, Либија измината недела уапси четворица соработници на Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Претставници на милициите ги обвинуваат правниците дека соработувале со уапсениот син на диктаторот Саиф ал Ислам Гадафи и дека шпионирале. Претседателот на Меѓународниот кривичен суд Санг Хиун Сонг изрази загриженост за безбедноста на неговите соработници и побара Либија веднаш да ги ослободи.

Кон ова барање во понеделникот се приклучи и германската влада. Министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле уште еднаш нагласи дека соработниците на судот, кои се на службено патување уживаат заштита од кривично гонење. Германија инсистира, да се почитува имунитетот.

Се’ се врти околу синот на Гадафи

Saif al-Islam Gaddafi Festnahme Libyen

Саиф ал Ислам ГАдафи

Либиското министерство за надворешни работи во меѓувреме го повика Меѓународниот кривичен суд во Хаг да го укине имунитетот за неговите соработници. Потоа Либија ќе го испитува случајот. Заднината на приказната: Либија и Меѓународниот кривичен суд во Хаг со месеци спорат околу 39 годишниот Саиф ал Ислам Гадафи, син на соборениот властодржец Моамер ел Гадафи. Тој беше уапсени во ноември мината година на југот на Либија во близина на границата со Нигер. Татко му еден месец претходно беше убиен во неговиот роден град Сирте од страна на бунтовниците. Либиската преодна влада сака процесот против Саиф ал Ислам да се води во Либија. Судот во Хаг бара затвореникот да биде префрлен во Холандија. Минатата среда делегација на Меѓународниот кривичен суд отпатува во Либија и го посети синот на Гадафи во затвор. Потоа членовите на делегацијата беа уапсени. Два дена беа потребни додека официјалните служби да го потврдат апсењето.

Anwältin Melinda Taylor

Адвокатката Мелинда Тејлор

Обвинувањата за шпионажа на либиската влада се насочени пред се’ против Австралијанката член на делегацијата, инаку бранител по службена должност. Мелинда Тејлор при разговорот со Ал Ислам со себе имало пенкало со интегрирана камера и писмо од поранешниот близок соработник Мохамед Исмаили, по кого трагаат либиските власти. Според информации на телевизијата Ал Џезеира командирот на милициите Адшми ал Утери во Ал Ситан соопштил дека при средбата меѓу Саиф ал Ислам и Мелинда Тејлор биле разменети тајни документи. Синот на Гадафи напишал дека нема правна влада во Либија и дека бил лошо третиран. Пронајденото пенкало со интегрирана камера било конфискувано како предмет за шпионажа.

Избрзани пресуди водат до неизбалансирани реакции

Експертот за Либија Андреас Дитман од универзитетот во Гисен во постапката на либиската влада гледа прекумерна реакција поради незнаење: „Зад ова се крие општа нервоза. Воопшто постои голема несигурност во односот со опозицијата. Таа брзо се класификува како потенцијална про Гадафи. Слично нешто се претпоставува и при апсењето на соработниите на Меѓународниот кривичен суд. Од она што е сосема нормална потреба, според западни гледишта, разговор со обвинетиот, се обвинува дека постои симпатија и заземање страна за Гадафи".

Andreas Dittmann

Експертот за Либија Андреас Дитман

Експертот во разговор со ДВ нагласува дека во Либија во моментов владее особено затегната ситуација. На југоисток на земјата изминатите денови се воделе борби меѓу милициите и племенските борци на либиското малцинство Тубу. Преодната влада во Триполи нема искуство да се справи со вакви судири, кои во иднина сигурно ќе бидат уште почести. Овие случувања всушност немаа никаква поврзаност со патувањето на соработниците на Меѓународниот кривичен суд, но сепак стоеа во поврзаност.

Актуелниот спор меѓу Триполи и Хаг, според мислењето на Андреас Дитман, избувна поради различните правни системи: „Во нашиот правен систем, веќе е сомничаво, што ова писмо што е доверлива работа меѓу затвореникот и правниот советник, воопшто излезе во јавноста. Тоа покажува дека во овој случај мора да се споредуваат сосема различни сфаќања на правото и правни системи“.

Libyen Bani Walid Revolution Rebellen

Бунтовниците во Бани Валид

За да го појасни однесувањето на актуелните властодржци во Либија, експертот за Либија Дитман дава еден пример: „Градот Бани Валид пред половина година заедно со Сирте, каде беа последните приврзаници на Гадафи, и Триполи се вројуваа меѓу последните седишта на режимот на Гадафи. Триполи падна. Во Бани Валид уште долго траеше отпорот. Гадафи го поддржа овој регион и градот. Потоа за јуришот во градот Бани Валид беа одговорни милициите од Мисрата. Мисрата долго време беше град кој многу страдеше, град оплколен од Гадафи. Мажите од Мисрата беа полни со желба за одмазда. Токму тие да се испратат во Бани Валит, тоа би било како клатното да се сврти на другата страна“.

Во конфликтот околу соработницте на Меѓународниот кривичен суд уапсени во Либија не е на повидок решение. Портпаролот на либиската влада Насер ал Мана за германската новинска агенција ДПА во Триполи изјави: „Либија полага вредност врз добрите односи со Меѓународниот кривичен суд и генерално со меѓународната заедница, но не на сметка на повисоките интереси на Либија“. Меѓутоа како и досега не се знае во што се состојат овие „повисоки интереси“ и конечно што престапија соработниците на Меѓународниот кривичен суд.