1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либија го слави крајот на ерата на Гадафи

Преодниот премиер на Либија, Махмуд Џибрил, изрази жалење што Гадафи не бил фатен жив и изведен пред суд. Во меѓувреме е завршена и анализата на резултатите од аутопсијата, постои сомневање дека Гадафи бил линчуван.

default

Лидерот на Преодниот национален совет на Либија и привремен премиер Махмуд Џибрил во интервју за БиБиСи оцени дека ќе било подобро Моамер ел Гадафи да биде фатен жив и да му се суди во Либија. На процесот Гадафи ќе мораше да им објасни на сите зошто го угнетувал либискиот народ 40 години.

Џибрил порача дека новата власт во Либија е подготвена да создаде услови за објективна истрага околу смртта на Гадафи, како што тоа го бара Комесаријатот на ОН за човекови права. Истрагата според него ќе ја водат независни експерти од странство. Во меѓувреме е завршена и анализата на резултатите од аутопсијата.

Околностите за смртта на Гадафи и понатаму се нејасни, меѓу другото постои сомневање дека бил линчуван. Неговите посмртни останки и понатаму се изложени јавно во посебна просторија во градот Мисрата. Интересот на либискиот народ да го види телото на екс-властодржецот е голем.

Ерата на Гадафи во секој случај е завршена. Новата власт денеска со голема свеченост го прогласи и официјално ослободувањето на Либија.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Ж. Ацеска