1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Либија веќе водеше први разговори со Меѓународните атомски власти

Еден ден по најавата за откажување од АБЦ оружје, Либија ги водеше прите разговори со Меѓународните атомски власти. Австриската агенција АПА, јавува дека висока делегација од Триполи водела разговори со шефот на Меѓународните атомски власти, Мохамед ел Барадеи, околу уништување на програмите за развој на оружје за масовно уништување. Средбата траела околу еден час, а засега е нејасно дали се планираат и други слични разговори. Либија, вчера по повеќемесечни тајни преговори со САД и Велика Британија, најави дека ќе го уништи оружјето за масовно уништување. Либискиот револуционерен водач, Моамер ел Гадафи, својот потег го оцени како мудар и храбар чекор. Британскиот премиер, Тони Блер и американскиот претседател Џорџ Буш, кои се најзаслужни за потегот на Либија, изразија задоволство. Двајцата рекоа дека ова е сигнал и за другите земји, како Иран или Северна Кореја, да го следат доброволно примерот на Либија. Пораката од ирачката војна е примена, смета Буш. Либискиот лидер, Гадафи, изјави дека решението ќе и овозможи на Либија меѓународна улога во изградбата на нов свет, ослободен од оружје за масовно уништување и од сите видови тероризам. Дека земјата нема да биде веќе меѓународно изолирана, потврди и американскиот претседател, Буш: "Либија може повторно да добие сигурно и почитувано место во заедницата на народи и некогаш да постигне и подобри односи со САД." Светот исто така реагираше со поздравување на најавата на Триполи. Германскиот министер за надворешни работи, Јошка Фишер, изјави дека Велика Британија и САД со својата иницијатива дале клучен приоднес за ваквиот чекор на Либија. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, рече дека вавиот развој на настаните покажува дека дипломатијата може да победи над ширењето на оружјето за масовно уништување. Генералниот секретар на Арапаската ига, Амр Муса, пак, смета дека решението на Гадафи покажува колку сериозно арапскиот свет ја третира темата, и додаде дека сега е важно меѓународната заедница да врши притисок и врз Израел за откажување од нуклеарно оружје.