1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либиските бунтовници во победнички поход

Поранешен близок соработник на Моамер ел Гадафи во Либија преминал на страната на бунтовниците. Тие тврдат дека и натаму напредуваат во освојувањето клучни точки околу главниот град Триполи.

default

Бунтовниците напредуваат

Во Либија уште еден поранешен близок соработник и човек од доверба на властродржецот Моамер Гадафи пребега на страната на бунтовниците. Абдулсалам Џалуд во 1970-те беше шеф на либиската влада и втор човек на режимот. Претставник на бунтовниците изјави дека Џалуд, кој е омилен кај народот, избегал од Триполи и им се придружил во Бенгази.

Fil

Гадафи е притиснат

Либиските бунтовници трвдат дека ги завзеле Завија и Злитен

Либиските бунтовници тврдат дека под целосна контрола го имаат пристанишниот град Брега со стратешкиот нафтен терминал. Тие синоќа соопштија дека успеале да ги заземат и градовите Завија и Злитен, две клучни точки во нивниот поход кон престолнината Триполи.

„Злитен сега е под контрола на нашите борци, но битката се‘уште трае“, се вели во соопштението на бунтовниците. Притоа е наведено дека во битката за градот биле убиени меѓу 40 и 50 приврзеници на Гадафи, а 12 африкански платеници биле ранети. Бунтовниците исто така соопштија дека ја освоиле и Зарија, каде што се наоѓа голема рафинерија, која го снабдува Триполи со нафта.

Автор: ЖА/ЦН/дв/макфакс

Редактор: Симе Недевски