1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Либан – нови престрелки

*

Либанската армија повторно отвори оган врз позициите на радикалната исламска организација Фатах ел Ислам во бегалскиот камп Нар ел Баред. Ноќеска воени хеликоптери отворија митралески оган врз кампот на палестинските бегалци, што е под опсада веќе три недели. Во престрелките и артилерискиот оган животот до сега го загубија 110 лица. Исламистите се закануваат дека на притисокот ќе одговорат со натамошно проширување на воените дејства.