1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Либан-завршени борбите кај бегалскиот логор

*

Либанската влада ги објави за завршени борбите против радикалните Палестинци околу бегалскиот логор Нар ал Баред во близина на пристаништето Триполи.Министерот за одбрана Елиас ал Мур изјави дека војската во повеќенеделната офанзива ги уништила сите упоришта на екстремистичката група Фатах ал Ислам.Во текот на судирите илјадници Палестинци избегаа од логовор,а во борбите загинаа повеќе од 150 луѓе.Во Либан постојат повеќе логори,во кои со децении се сместуваат палестинските бегалци.