Либан – екстремисти | Вести | DW | 03.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Либан – екстремисти

*

Премиерот на Либан Фуад Синиора оцени дека завземањето на бегалскиот камп Нар ал Баред е голема победа над тероризмот. Вчера во завршницата на повеќемесечната опсада на кампот беа убиени 30-тина екстремисти од организацијата “Фатах ал ислам“. Меѓу нив според информациите на либанската армија се наоѓа и водачот на групата Шакер ал Абси. Радикалните исламисти се забарикадираа во кампот на 20-ти мај и од таму вршеа напади врз позициите на либанската армија.

Премиерот Синиора во телевизиското обраќање најави дека ќе го обнови кампот, во кој пред судирите претежно престојуваа палестински бегалци.