1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Либан – борби

Во Северен Либан повторно се водат борби меѓу припадници на армијата и милитантни исламисти од бегалскиот камп Нар ел Баред. Според изјави на очевидци од кампот, во кој се забарикадирани милитантите, паднале повеќе гранати. Либанската армија со најмалку 50 тенкови го држи под опсада палестинскиот бегалски камп по престрелките пред две недели.