1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Либан без претседател

*

Со завршувањето на мандатот на Емил Лахуд, Либан остана без претседател на државата. Ноќеска на полноќ на актуелниот претседател на земјата му заврши мандатот. Лахуд ќе се повлече од функцијата со сите воени почести, во услови кога опозицијата и власта во земјата не успеаа да постигнат договор за негов наследник. Кратко пред напуштањето на функцијата Лахуд изјави дека одговорноста за безбедноста во земјата сега е во рацете на армијата. ЕУ, САД и ОН ги повикаа страните на компромисен договор.