1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либанците не се оптимисти

Во услови на интензивни борби и многу цивилни жртви има ли шанса да успее планот на либанската влада за окончување на борбите?

Се повеќе Либанци живеат во подруми

Се повеќе Либанци живеат во подруми

Либанците не се многу оптимисти. Само мал дел од нив веруваат дека втората посета за една недела на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ќе ги запре израелските напади. Наспроти тоа либанската влада работи со полна пареа на политичката иницијатива за окончување на кризата. Поради тоа Рајс го пофали Синиора кој успеа да го протурка планот од седум точки кој го претстави на Конференцијата во Рим.

Суштината на планот е направена според Спогодбата од таифа од 1989 година со која е завршена граѓанската војна во Либан. Министерот за социјална политика Најла Мувада вели:

„Сакаме да ја спроведеме спогодбата од Таифа која јасно предвидува дека државните органи треба да имаат власт на целата територија на земјата. Само либанската влада има право да одлучува за војна или за мир и само либанската влада има право да поседува оружје и таа единствено е надлежна за безбедноста на граѓаните, земјата и границите“

Интересно е дека ваквата иницијатива ја поддржа целиот владин кабинет, што значи и Хезболах и неговите сојузници. Прашањето е дали тоа ќе значи дека Хезболах ќе го положи оружјето. Вториот човек на оваа шиитска организација наим Касем веќе укажа дека САД и Израел стојат од својот пораз, како што рече, не смеат да извлечат политичка корист. Министерот Мувада сепак верува во успех:

„Одлучувачки е тоа што Хезболах гласаше заедно со нас и го поддржа владиниот план од седум точки. Сега мора напорно да работиме за да го спроведеме планот. Тоа не е лесно, но се надевам дека ќе успееме.“

Се уште е нејасно како може да бидат испратени мировни сили во Либан кога таму се водат интензивни борби. Тимур Гоксел смета дека претходно мора да се воспостави примирје. Гоксел е проферор на американскиот универзитет во Бејрут, а беше и портпарол на сините шлемови во Либан:

„Бесмислено е сега да се испраќаат трупи за спроведување на мирот ако Хезболах не ги прифати. Така мировните трупи не би успеале во мисијата. Прво мора да се започне дијалог, па потоа пред да тргнат мировниците, да се утврдат и пареметрите на дијалогот. Инаку овие трупи ќе се сметаат за непријателски“.

И Сирија се изнесе против испраќање на меѓународни мировни трупи во Либан. Според нив тие би го завзеле Либан и во име на Израел би биле употребувани за уривање на либанскиот национален отпор, пишува во коментарите на сириските весници. Сирија во последниве неколку дена сигнализираше дека е може да го искористи своето влијание врз Хезболах за смирување на кризата, но за возврат бара од САД промена на политиката кон Дамаск. Сирија имено сака да излезе од Меѓународната изолација, но Американците и понатаму не сакат да и излезат во пресрет.