1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Либанскиот врховен суд ја потврди смртната казна за бугарските медицински сестри

*

Врховниот суд на Либија пред малку ја потврди смртната казна за петте бугарски медицински сестри и палестинскиот доктор кои се осудени дека намерно заразиле над 400 деца со вирусот на ХИВ, во една локална болница. Одлуката не е конечна, бидејќи за да стане правосилна треба да ја потврди либискиот врховен судски совет на чело со министерот за правда. Претходно директорот на фондацијата „Гадафи“ изјави е постигнат компромис со семејствата за финансиска отштета со што требаше да се издејствува ослободување на осудените. Обвинетите се во затвор од 1999 година, а од 2004 се обвинети на смрт.