1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Либанската армија на пат кон југот

Вкупно 15 илјади либански војници заедно со исто толку од Обединетите нации треба да го обезбедуваат примирјето во Јужен Либан и да го спречуваат Хезболах да го напаѓа Израел. За либанската армија ова е сосема нова задача во регион на сопствена територија што со децении ја конторлираше друг. Најнапред палестиските борци, потоа израелските трупи и конечно Хезболах. Од денеска либански војници пристигаат на

Израелската армија го наушта Јужен Либан

Израелската армија го наушта Јужен Либан

југот од својата земја:

Либанската влада вчеравечер донесе решение за кое гласаа и двјацата министри од Хезболах: трупите колку што е можно побргу да стигнат во Јужен Либан. Истовремено сите засегнати министерства добија наредба дека не смее да се случи никаква конфронтација со борците на Хезболах, ниту меѓу либанските и војниците на Обединетите нации. Прашањето дали и како да се разоружа Хезболах е одгворено со привремен компромис што либанскиот екс-генерал Салим Абу Исмаил вака го опиша:

„Борците на Хезболах што се овде, доаѓаат од градовите и селата на југот. Тие ќе го положат оружјето и ќе го сокријат во нивните домови. Мора да се повлече и потешкото оружје. Во моментов друго нема да се случи. Никаква конфронтација со Хезболах. Никакво разоружување. Така е засега договорено„.

Цел на либанската армија е колку што е можно побргу да постави факти без да се чека да дојдат трупите на Обединетите нации. Веќе во раните утрински часови три бригади, секоја со по 2 илјади војнци ја минаа реката Литани е се наоѓаат околу 20 до 30 километри од израелската граница. Други бригади ќе стигнат во наредните часови, една се движи кон пристаништето Тир. На тој начин владата во Бејрут за неколку дена ќе стационира скоро 10 илјади војници. За возврат Израелците објавија дека веќе се повлекле од скоро половината територии на југот и и ги предале на посматрачката мисија на ОН.

Додека Израел и Либан брзаат да ја спроведат резолуцијата на Советот за безбедност, на Обединетите нации ќе им требаат уште околу две недели за да стигне претходницата на новите меѓународни сили.

Во Јужен Либан и во Бејрут во меѓувреме започнаа рабоите за расчистување на урнатините. Инаку вкупните размери на разурнувањата се уште не можат да се согледаат. Либанскиот министер за внатрешни работи Ахмад Фатфат само претпоставува:

„Во моментов имаме само неточни претпоставки и според нив материјалните штети се најмалку 4 милијарди долари и тие се однесуваат само на уништувањата на телекомуникациите, мостовите и патиштата, како и на одделни згради„.

Кон крајот на месецов во Шведска ќе се одржи донаторска конференција од која Либанците очекувааат доволно финансиска помош.