1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Лејди Гага пак ги собра наградите

Екстравагантната пејачка Лејди Гага со освоени три статуетки и канадскиот пејач Џастин Бибер, викендов доминриаа на доделувањето на наградите на музичкиот канал ЕмТиВи.

default

Лејди Гага - најдобар изведувач и најдобра поп-пејачка

Лејди Гага ја доби наградата за најдобар изведувач, најдобра поп-пејачка и за песна на годината за „Бед романс“.

Таа веќе собра осум награди на ЕмТиВи Видео Мјузик Авордс 2010, во септември во Лос Анџелес, меѓу кои и наградата за најдобар музички спот за темата „Бед романс“.

Тинејџерот Џастин Бибер ја освои наградата за најдобар дебитант. Церемонијата, која се емитуваше во живо низ целиот свет, ја проследија 46 милиони обожаватели. Во улога на водител се појави Ева Лонгорија, позната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, која во текот на вечерта се пресоблече деветпати.

Автор: БГ/ЖА/ртре/ап

Редактор: Жана Ацеска