1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Летот на Работнички во Европа продолжува

Работнички останува во фудбалска Европа. Го мина и кипарскиот Анортозис во третата прелиминарна рунда од Лигата на Европа.

default

Во реваншот во Скопје беше поразен со 2:1, но победничките 2:0 од првиот натпревар во Фамагуста, Работнички го кренаа во плеј-оф рундата.

Пораз рамен на победа

Кога во 63-та минута Анортозис поведе со 2:0 се чинеше дека фаворизираните гости ги враќаат работите на очекуваниот колосек. Но, погодокот на Ќумбев во 86-та минута ја крена Филип Втори арената на нозе. Подвигот на Работнички стана реалност.

Goran Petrevski Fußballtrainer Mazedonien

Тренерот Горан Петрески

Младиот тренер на Работнички Горан Петрески по натпреварот не ги криеше своите емоции.

„Направивме голем успех за македонскиот фудбал, за Македонија, за Работнички и за историјата. Јас само можам да им честитам од се срце на моите играчи, што го оставија срцето на теренот, но и на сите луѓе во клубот. Максимално се подготвувавме за ова, немаме многу време за радост, сега сме фокусирани за мечевите што ни следат“.

Работнички посреќен и одличен домаќин

Тренерот на Анортозис, Бугаринот Станимир Стоилов со став дека ова е триумф на посреќната екипа.

„Работнички е победник, бидејќи имаше повеќе среќа од нас. Ние немавме среќа. Им посакувам успех во натамошните натпревари“.

На прашањето за впечатоците од претстојот во Скопје, Стилов концизен, но јасен: „Се’ беше перфектно, Работнички беше перфектен домаќин“.

Работнички, инаку деновиве прогласен за најуспешниот клуб во светот за месец јули, е во очекување на противникот во плеј-офот од Лигата на Европа.

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска