1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Летонија:пример за кризните земји во Европа?

Од 1. јануари 2014. Летонија влегува во еврозоната. Во 2009 година оваа балтичка земја беше пред банкрот. Сепак, неверојатно брзо закрепна од кризата. Дали е Летонија пример за европски земји кои се во моментов во криза?

Летонскиот премиер Валдис Домбровскис (фотографијата горе) верува дека знае по кој пат мора да тргне некоја земја ако сака да се извлече од криза? Тој го отфрла брзиот стопански раст и застапник на далекусежни, ако е неопходно, и болни структурни реформи. Тоа е пример, велат водечките политичари за Летонија, за кои земјата е примерен ученик на Европа. Тие се радуваат на високите стапки на економскиот раст и урамнотежените буџети.
„Еврото не е цел сама по себе, туку инструмент во рацете на владата кој овозможува поголем економски раст“, смета летонската пратеничка во Европскиот парламент и доцент за економски науки Инес Фајдере. Летонците се уверени дека голема, претежно затворена монетарна област како еврозоната, може посилно да привлече инвестиции отколку националните монетарни простори, објаснува Фајдере.

Шок терапија

Летонија многу работеше за да ја добие шансата за влез во еврозоната. Пред 5 години оваа земја, благодарејќи на неопходните кредити од ЕУ и ММФ, избегна сигурен банкрот.


Летонија доби милијарди помош од странство, а за возврат владата во Рига презема драстични мерки на штедење. Само во 2009 година платите и дневниците беа снижени за 30 проценти, државните издатоци за 20 проценти, а невработеноста достигна рекордни бројки. Но владата на Домбровскис решително продолжи со санации и сега е за тоа наградена.
Веќе оваа година Летонија има стопански раст од 5 проценти, кој ќе биде долгорочен, истакнува Кришјанс Каринш, поранешен министер за економија. Неговиот заклучок: „Ние не можевме предолго да живееме над нашите можности, тој факт важи за сите земји во Европа. Тука се постави и прашањето, во кои временски рамки ќе се вратиме на врамнотежен буџет. Летонија тоа мораше да го достигне, во недостаток на алтернативи, бидејќи никој не сакаше на земјата да и одобри нови кредити“, се присеќа Каринш. Владата се реши за тежок пат поврзан со високи социјални трошоци- за намалување на платите пред се' во јавниот сектор.

Политички консензус како предуслов за реформи

Слично нешто се случи последниве години и на југот на Европа. Дали тоа може погодените земји да ја ослободи од криза? Кришјанис Каринш не верува во рецепт кој прави чуда. „Разликата меѓу нас и останатите земји во Европа, е оти ние имаме мала, но многу отворена економија, и согласно тоа можеме да го развиваме нашата економија и да бележиме раст по пат на извоз“, објаснува Каринш.
Водечките европски политичари не кријат дека во Летонија многу избирачи, се' уште со скепса гледаат на заедничката валута, еврото. Но тие укажуваат дека пред неколку месеци согласноста била многу помала, и веруваат оти Летонците брзо ќе научат да ја ценат вредноста на еврото.