1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Летен хир или траен хит?

Многубројните забави, спонтано организирани ширум Германија преку социјалните мрежи како Фејсбук, отвораат нова ера во начинот на комуницирање ширум светот, па дури и нова култура - не само за младите.

default

Пошироката јавност сфати дека нешто посебно се случува дури откако една млада девојка од Хамбург несакајќи ги покани сите 700 милиони корисници на Фејсбук на прославата на својот 16. роденден. Веројатно имала среќа што од нив се појавија „само“ 1.600 и ја преплавија целата улица, во инаку мирниот кварт. На крајот мораше да интервенира и полицијата и да воведе ред.

Во меѓувреме, се множат разните форми на новиот вид дружење поттикнато од интернет мрежите.

Deutschland Hamburg Facebook Party Thessa

Фејсбук познаници на роденденот на девојката од Хамбург

Така, некои се собираат за спортски активности, па на плоштадот пред старото здание на општината во Хамбург неодамна се одржа вистински турнир во „бич-волејбал“. Други го обожуваат т.н. „гео-кечинг“, односно барање скриени места со помош на апаратите за навигација, што ги содржат повеќето модерни мобилни телефони. Трети организираат тајни акции за карикирање на јавните реклами на големите билборди, четврти се собираат намерно пред контејнерите за отпад на големите супермаркети и ги собираат од нив прехранбените производи кои се’ уште можат без проблеми да се користат. Петти се љубители на т.н. „герила градинарство“ и засадуваат цвеќе и други украсни растенија на невообичаени јавни места.

Тренд спротивен на отуѓувањето

Списокот на разни интереси што ги придвижуваат луѓето со посредство на интернет мрежата се чини дека нема крај. Овој тренд е во спротивност со претходно најавуваното натамошно отуѓување на луѓето, бидејќи интернетот навистина може да доведе до затворање во четири ѕида и потполна изолација од социјалното опкружување.

Deutschland Hamburg Facebook Party Thessa

Дури и полицијата мораше да интервенира пред куќата на 16-годишната Теса од Хамбург

Се чини дека модерниот граѓанин се враќа од ќорсокакот на растечка изолација, која патем беше забележлива и пред доаѓањето на компјутерите, кон нови видови на дружење. Забележлив е силниот порив за создавање нови јавни простори, кои меѓутоа, имаат поинаков карактер од досега познатата јавност, во која доминираа политиката и медиумите. Новата генерација сега создава приватна јавност, еден вид хибридна социјална појава, која преку приватните познанства е во состојба да креира собири и дури движења што веќе поради својата бројност стануваат општествено релевантни феномени и можат да имаат и силно влијание врз политичкиот живот. Дотолку повеќе што дел од собирите преку Фејсбук однапред има декларирана политика или барем општествена цел.

Ренесанса на јавниот живот

Значи, социолозите ќе треба да ги ревидираат теориите, според кои компјутерскиот свет е смртен непријател на јавниот живот.

Olympia Laura Ludwig im Spiel gegen China

Преку фејсбук може да се организира и спонтан турнир во „бич-волејбал“

Растечкото префрлање на разните активности на модерниот човек во виртуелниот свет на компјутерите ја засилува очигледно потребата по реални средби и доживувања и враќање кон реалниот живот. И уште една во себе противречна тенденција се забележува во врска со социјалните мрежи и интернетот: од една страна интернетот отвора простор за изолирање на единката и за нејзина растечка анонимност, но во исто време (како што сега гледаме со најновиот тренд) отвора нови димензии на колективната свест и идентификација кај луѓето. Веќе самата новооткриена моќ на единката да придвижува големи маси истомисленици ги урива досега познатите димензии на поимот јавност и отвора сосема нови.

Автор: Горан Чутаноски/„Ди Велт“/дпа

Редактор: Борис Георгиевски