1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Лета ја доби довербата на Сенатот

Италијанскиот премиер Енрико Лета ја доби поддршката во Сенатот. Претстои гласањето во Претставничкиот дом, каде партијата на Лета има мнозинство. Италијанската влада е на добар пат да ја преживее политичката криза.

Italy's Prime Minister Enrico Letta (C), flanked by Interior Minister Angelino Alfano (R) and Democratic Party (PD) member Dario Franceschini, addresses the Senate asking for a possible call for a confidence vote immediately in Rome, October 2, 2013. Senior party figures in Silvio Berlusconi's fractious centre-right movement urged Italian lawmakers on Tuesday to defy the billionaire media tycoon and back Letta in a confidence motion expected on Wednesday. REUTERS/Tony Gentile (ITALY - Tags: POLITICS)

Italien Premierminister Enrico Letta Vertrauensfrage Referendum 02.10.2013

Италијанскиот премиер Енрико Лета го доби гласањето на доверба во Сенатот. При гласањето во Сенатот јасно мнозинство пратеници застана зад италијанскиот премиер.

Денеска (02.10.) доцна попладне Лета ќе го постави прашањето за изгласување на доверба и во Претставничкиот дом. Таму партијата на премиерот има апсолутно мнозинство, додека во Сенатот Лета зависи и од гласовите на партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони. Со тоа што Лета сега ја доби доверба во Сенатот се чини дека италијанската влада нема да падне.

Опстанокот на сојузот, кој е на власт пет месеци, стана извесен уште пред почетокот на гласањето, откако Силвио Берлускони ненадејно вети поддршка за премиерот Лета од страна на неговата партија Народ на слободата (PdL).

Берлускони претходно предизвика владина криза, откако ги принуди на оставка петтемина министри од неговата партија. До вчера, поранешниот италијански премиер беше одлучен да ја собори владата на Лета, но денеска дојде ненадејниот пресврт. Претходно, повеќемина сенатори од таборот на Берлускони најавија дека имаат намера да гласаат за Лета, поради што на партијата и‘ се закануваше поделба.