1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лета бара инвестиции наместо штедење

Новиот италијански премиер Енрико Лета ја мина првата станица од неговата мини европска турнеја. Синоќа во Берлин, со германската канцеларка Меркел разговараа за економски развој и поголема буџетска дисциплина.

Новиот италијански премиер Енрико Лета ја избра Германија за својата прва официјална посета во странство и тој пристигна во Берлин неколку часа откако беше одобрен и од Сенатот.

Лета ги повика европските земји да му дадат приоритет на економскиот раст, пред намалувањето на долгот и додаде дека неговата Влада смета оти Европа има потреба од зајакнување на интеграцијата со цел да се справи со кризата. „Сторивме се‘ што е потребно за да ги доведеме во ред финасиите и ќе продолжиме да работиме во таа насока. Но Европа треба да применува политики, кои го стимулираат растот“, рече Лета на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Меркел е еден од најголемите приврзаници на структурните реформи, намалувањето на трошоците и на дефицитот во Европа. Таа призна дека Италија веќе постигнала одреден напредок, но истакна дека стремежот кон економски раст треба да соодветствува со подобрувањето на состојбата на јавните финансии.

„За нас во Германија консолидацијата на буџетот и растот се два елементи, кои

Angela Merkel und Enrico Letta

Ангела Меркел и Енрико Лета

не се спротивставени, а кои треба да се развиваат заедно, за да ја зацврстат конкурентноста и да создаваат повеќе работни места, рече Меркел. Таа додаде дека растот не може да биде инициран само од владите, туку треба се потпира и на инвестициите од приватниот сектор.

Италија, која е трета по големина економија во еврозоната, со години страда од анемичен раст и сега е во рецесија. Невработеноста изнесува 11,5 отсто и речиси 40 проценти од младите луѓе под 25 години се без работа. Висината на долгот достигна 120 отсто од Бруто домашниот производ.

Италијанскиот премиер денеска ја продолжува европската турнеја со посетите на Франција, каде ќе разговара со претседателот Франсоа Оланд, а потоа заминува за Брисел.