1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Летање без визија

Македонија со години нема стратегија за развој на авиосообраќајот, сметаат експертите. Тие велат дека авиобизнисот е стопанска гранка што треба да се развива долгорочно со поддршка на политиката и воздухопловните власти.

default

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје

Македонија е меѓу ретките европски земји, можеби единствена, без сопствена авиокомпанија и без аеродром што би им се допаднал на патниците. Во дведецениската самостојност, државата не успеа да создаде здрави капацитети во авиосообраќајот, сектор што претставува база за развој на туризмот и на економијата воопшто.

Skopje Flughafen Aleksandar Veliki

„МАТ“

Луѓето од фелата велат дека станува збор за недостиг на стратегија, отсуство на визија, како треба да се развива една многу важна гранка како што е авиотранспортот. Димитар Бузлевски беше министер за сообраќај во деведесеттите години. За Дојче веле се обидува да одговори на прашањето, како успеа една земја кандидат за членство во ЕУ да си го упропасти сопствениот авиобизнис? „Основната грешка според мене лежи во концептот за национален авиопревозник, договор со којшто со ништо не е субвенциниран превозникот. Кога веќе е склучен таков договор тогаш авиопревозникот е обврзан да одржува редовни линии, но треба да е субвенциониран за покривање на загубите од нерентабилните линии. Сега ние само номинално имаме национална авиокоманија, а во суштина немаме никаква“.

Скопскиот аеродром преживува од сезона во сезона

Skopje Flughafen Aleksandar Veliki

Аеродромската зграда

Македонските патници ги превезуваат странски авиокомпании, околните аеродроми го земаа приматот во регионот. Скопскиот, кој наликува на неуредна автобуска станица во неразвиениот свет, преживува од сезона во сезона, со вообичаениот број на патници без можност да создаде доволно капитал за сопствена модернизација. Аеродромот „Петровец“, кој за 20 години доби само ново име и сега се вика „Александар Велики“, последнава година чека странските концесионери, турската компнија „ТАВ“ да стартува со реализација на договорот за реконструкција. Повеќе од два месеца редовниот авиопревозник „МАТ“ не оперира. Патувањето до повеќето европски дестинации е авантура, која трае со часови и подразбира менување авиони и чекање по аеродроми.

Може ли за сево ова да е виновна само политиката?

Skopje Flughafen Aleksandar Veliki

Пасошка контрола на аеродромот во Скопје

Државата немала концепт, а политичарите се воделе по сопствените, а не по интересите на патниците? Но, дали и луѓето од авиобизнисот се одговорни за актуелната неповолна состојба? Ѓорѓи Чачкиров е поранешен прв човек на воздухоплоните власти. За Дојче веле објаснува дека состојбата е лоша поради случајните луѓе, кои раководеле со секторот. „Неможе вината да се фрли само врз државата, туку треба да се распредели подеднакво, за да може авијацијата да дојде на многу повисоко ниво од она на коешто е сега. Тие што сакаат и почнале да се занимаваат со авиосообраќај треба да сфатат дека тоа е бизнис на долг рок, вклучувајќи ги тука воздухопловните кадри кои Македонија ги има, а сега шетаат по светот, да се направи еден силен субјект кој ќе биде знаменосец, а во исто време и значаен финансиер на државата“.

Во кусата историја на македонскиот авиосообраќај со црни букви се забележани две катастрофи кои однесоа неколку стотици животи. Во 1993 година се урнаа два авиона, едниот на „Палер“ падна на полетување од Скопје, вториот неколку месеци подоцна на „Авиоимпекс“ се урна на слетување во Охрид.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска