1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ленс Армстронг, на пат кон рекордната шеста титула на Тур Де Франс

Американецот Ленс Армстронг уште еднаш ја потврди доминацијата на овогодинешниот Тур Де Франс, победувајќи во интересен финиш на 17 етапа која се возеше од Бург Доазон до Гран Борнан.

Ленс Армстронг

Ленс Армстронг

На три етапи до крајот, Ленс Армастронг е на најдобар пат да ја освои шестата рекордна титула на Тур де Франс. 204,5 километри долгата планинска делница американецот ја извозе за 6 часа 11 минути и 52 секунди, како второпласиран со исто време низ целта помина германецот Андреас Клоден од тимот на Т-Мобил, трет со една секунда заостанување беше неговиот тимски колега германецот Јан Урлих, а четврти италијанецот Иван Басо. Андреас Клоден е разочаран што не успеа да ја освои делницата

"Да, тоа не може да се опише, се разбира дека човек е разочаран, но од друга страна сум среќен што тешката етапа добро ја издржав"

За Јан Урлих на оваа трка нема губитници:

"Мислам дека денес нема губитници, ние бевме четворица напред, или подобро петорица, ова беше една кралска етапа, пар екселанс"

Армстронг води во генералниот пласман со 4 минути и девет секунди предност пред второпласираниот Басо, односно 5 минути и 11, и 8 минути и осум секунди пред трето и четвртопласираните германци Клоден и Урлих.

Следната, 18 етапа во должина од 166.5 километри се вози од Анмас до Лон ле Соние.