1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Лело: НАТО е за компромисно решение за Косово

*

Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Жозе Лело изјави во Белград дека Алијансата сака компромисно решение за Косово, кое би ги земало предвид интересите на обете страни. Инаку, смета тој, би се создала опасна ситуација во целиот регион, која би ги зафатила и сите соседни земји.

Норвешкиот политичар и дипломат Кај Ејде, како и Лело учесник на семинар во Белград организиран од Палрламентарното собрание на НАТО, смета дека преговорите за статусот на Косово не можат да бидат завршени се’ додека не бидат разгледани сите опции.