1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Radio D Teil 1

Лекција 19 – Измамата е откриена

Иако се знае дека круговите во полето ги направиле селаните, Ојлалија цврсто верува дека постојат НЛО. Во потрага по мислењето на селаните за измамата со круговите, патот Паула и Филип ги води во локалната кафеана.

Анкета во селската гостилница

Анкета во селската гостилница

Паула и Филип ја открија измамата со круговите во житните полиња, но не се сосема сигурни, дали можеби сепак постојат НЛО–а. И што значи всушност кратенката НЛО? Ојлалија може да им помогне, и дури тврди дека видела едно НЛО. Конечно двајцата уредници во локалната гостилница ги прашуваат гостите што мислат тие за круговите во житото.

Мислењето на гостите е добра можност да се воведе претеритумот. Повеќе внимание ќе му посветиме на неправилниот глагол "sein". Уште еднаш ќе се навратиме и на модалниот глагол "können". Притоа внимавајте на промената на вокалот во глаголската основа.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Симнувања