1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Radio D Teil 1

Лекција 13 – Розенмонтаг

Во редакцијата на Радио Д постои поделено мислење за карневалот. Различни се мислењата и на двајцата уредници, кои добиваат задача од Компу, од Шварцвалд да известуваат за карневалот.

Паула не е многу воодушевена од карневалот и карневалските костими

Паула не е многу воодушевена од карневалот и карневалските костими

За карневалот кој во некои делови на Германија се слави интензивно, постои поделено мислење во редакцијата.
Паула не може да го сфати ентузијазмот на Филип, и смета дека неговата маска на вештерка е смешна.

Филип многу го израдува тоа што за новата задача треба да се патува во Шварцвалд. Таму, во карневалската бркотница, луѓе маскирани во вештерки крадат автомобили. Паула и Филип треба во живо да известуваат од карневалот, но тоа не им успева. „Вештерките“ го извлекуваат Филип од неговиот автомобил.

Помалку хаотична од карневалските денови е структурата на реченицата во германскиот јазик. Затоа ќе обрнеме особено внимание на позицијата на субјектот и предикатот во реченицата.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Симнувања