1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Radio D Teil 1

Лекција 06 – Како почина кралот Лудвиг?

Во замокот Нојшванштајн Паула и Филип сретнаа непознат и многу таинствен човек, кој ја носи наметката на кралот Лудвиг. Тие истражуваат под какви мистериозни околности починал кралот.

Кој е непознатиот човек со наметка, иста како онаа на кралот Лудвиг?

Кој е непознатиот човек со наметка, иста како онаа на кралот Лудвиг?

Човекот со раскошна наметка, иста како онаа на кралот Лудвиг, сака да ги натера Паула и Филип да веруваат дека тој е починатиот монарх. Но, како починал всушност кралот Лудвиг? Двајцата уредници преку радиодрама ги објаснуваат различните теории околу неразјаснетата смрт на кралот Лудвиг на Eзерото Штарнберг. Клучното прашање гласи: дали беше убиство на несакан владетел или пак самоубиство на умоболен крал?


Преку средбата со непознатиот човек се прикажуваат различните форми на обраќање меѓу пријатели и непознати. За оваа намена се воведени формите за обраќање „Sie“ и „du“. Освен тоа ќе ги погледнеме и одредените глаголски форми од глаголот „sein“.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Симнувања