1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лекар? Не, благодарам!

Трошоците на здравствените системи во индустриските земји, пред се‘ поради се‘ повеќето стари лица, се зголемуваат. Незадоволството од платите, води кон се‘ помал интерес за професијата лекар, или кон „брејн дрејн“.

default

Делумно незадоволителни услови за работа, плаќање кое не задоволува и често неможност да се одговори и на професионалните и на семејните обврски - вака Германската сојузна лекарска комора ја опишува ситуацијата на лекарите во Германија. Тие бараат подобрувања за да се спротивстават на трендот на се‘ помалиот број лекари во земјата. Во западните индустриски земји, ваквиот недостиг се пополнува со лекари од земјите во развој, кои се незадоволни од условите за работа во нивните татковини и сметаат дека платите што ги добиваат се мизерни. Преселбата во Германија или друга земја од Европа, за нив, во секој случај, е подобрување.

Повеќе малавски лекари во Британија, отколку во Малави

Ärzte in einem Dorfkrankenhaus bei Peking

Лекари нема доволно во 57 земји, особено во Африка и Азија

Во Манчестер, на пример, во меѓувреме работат повеќе лекари и негуватели од Малави, отколку што ги има вкупно на број во самиот Малави. Во Малави, на пример, на 65.000 луѓе доаѓа само еден лекар. И во Нигерија, лекарите имаат многу ниски лични доходи и се наоѓаат во долниот дел од скалилото на плати, вели Титиола Бањоко, заболекар и основач на Агенција за посредување на персонал, на една конференција за развојно-политички прашања во Бон, што се одржа минатата недела. Британскиот здравствен систем, нагласува менаџерката која во меѓувреме живее во Лондон, исто така ги губи своите медицински стручњаци. Тие се иселуваат во САД.

Недостигаат милиони лекари

Ваквиот „брејн дрејн“ во многу земји доведе до сериозна криза. Светската здравствена организација, уште во 2008 година, процени дека во светот ќе има недостиг од околу 4 милиони лекари и негуватели. Акутно погодени од недостиг на лекари се 57 земји во светот, пред се‘ во Африка и Азија.

Невладините организации и организациите за развојна помош критикуваат што сиромашните земји обучуваат лекари и персонал за нега, а потоа нив ги користат богатите земји. А притоа во многу земји на југ на земјината топка не може да се обезбеди основно здравствено згрижување на населението. Според Светската здравствена организација, многу здравствени услуги, пред се‘ во делот на превенција и разјаснување, потоа распределбата на лекови и вакцинацијата, како и згрижувањето на бремените жени и акутно болните, поради се‘ позасилениот „брејн дрејн“ на многу места веќе не можат да се пружат.

Автор: Улрике-Маст Киршнинг / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска