1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лекарот на Мајкл Џексон виновен за убиство

Личниот лекар на Мајкл Џексон, Конрад Мари, е прогласен за виновен за убиство без предумисла во судскиот процес за смртта на кралот на попот.

default

Конрад Мари

Лекарот на починатата поп-ѕвезда Мајкл Џексон е прогласен за виновен за убиство од небрежност. Поротата во судот во Лос Анџелес оцени дека докторот Конрад Мари е виновен поради тоа што на Џексон му дал голема доза од лекот пропофол.

Мари се изјасни за невин за давањето на смртоносната доза од силното приспивно средство пропофол, што се смета за главната причина за смртта на поп-ѕвездата.

Обвинителите наведуваа дека Мари не ја следел состојбата на Џексон, го забавил барањето итна медицинска помош и на лекарите не им кажал дека на пациентот му дал пропофол.

Одбраната на Мари тврдеше дека Џексон сам ја зел фаталната доза пропофол.

На Мари сега му се заканува казна до четири години затвор и губење на лекарската лиценца. Мари го напушти судот со лисици на рацете и им беше предаден на затворските власти. Тој ќе биде во притвор во изрекувањето на пресудата.

Мајкл Џексон почина на 50-годишна возраст, на 25 јуни 2009 година.

Автор:БГ/СН/ап

Редактор: Е. М. Фиданоска