1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Лекари во изборна „операција“ за Куманово

Зоран Дамјаноски од СДСМ и Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ се почитуваат како лекари колеги, но ќе водат жестока битка за развој на општината преку своите партиски концепти

Од oсамостојувањето на Македонија, локалната власт во Куманово никогаш не била во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Крај на таквиот тренд ќе се обиде да стави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, хирургот Зоран Ѓорѓиевски, во изборен натпревар со колега од кумановската болница Зоран Дамјановски кандидат на СДСМ, кој два мандати е на чело на општината и се бори за трет. Двајцата се почитуваат како колеги лекари, но ќе водат жестока битка за развој на општината преку своите партиски концепти.

Битка за слобода

Зоран Дамјаноски, ќе ја брани градоначалничката фотелја во која е од 2005 година, со продолжување на започнатите капитални инвестиции, но паралелно и со битка за слобода.

„Свеста на граѓаните на Куманово, кое е слободарско, правично и демократско, е над локалните и личните интереси. Гледајќи ја состојбата во државата, приоритет е слободата на луѓето, враќање на демократијата и на правниот

Mazedonien Kommunalwahl Zoran Damjanoski

Зоран Дамјаноски (СДСМ) ќе ја брани градоначалничката фотелја

поредок. Тоа не е дел од локалната кампања, но живееме во време кое го нуди овој приоритет пред сите други", вели Дамјановски.

Во неговата програма најзначајна е гасификацијата, која почна пред шест години и сега е во фаза на дистрибуција во повеќе јавни установи. Најавува нова индустриска зона, за која е во тек распишувањето лицитација за издавање на повеќе од 60 парцели за лесна, незагадувачка индустрија. Предвидува изградба на фабрика за палење цврст отпад, лоцирана до фабрика за прочистување, решавање на проблемот со водоснабдувањето, изградба на градскиот кеј, регулација на речното корито, уредување на градскиот плоштад, три спортски сали, атлетски полигон, изградба на отворен и затворен базен, над 50 километри улици, осветлување на сите раскрсници во градот...
„Нашата кампања секогаш е позитивистичка. Секогаш ги истакнуваме вредностите за кои се залагаме и проектите што ги имаме, а кои се потреба на граѓаните. Никогаш не сме оделе да ги понижиме, навредиме и девалвираме нашите политички противници", вели Дамјановски.

Почеток и крај

Зоран Ѓорѓиевски потенцира дека Дамјановски е негов многу респектиран колега со кој, додека работел во здравството, имале солидна соработка, но сега најавува жестока изборна битка.

„Секоја работа има почеток и крај, па дојдено е времето да се стави крај на 21-годишно владеење на една политичка структура во овој град и да се даде шанса на едно движење, чие мото е остварување на дадениот збор. Што е сторено - и добро и лошо, се гледа. Еден од есенцијалните проблеми е водоснабдувањето. Ваков проблем не смее да постои, а камоли да остане нерешен со децении", потенцира Ѓорѓиевски.

Kommunalwahlen Mazedonien

Зоран Ѓорѓиевски (ВМДО ПМНЕ) најави жестока изборна битка

Познатиот кумановски лекар и член на европската организација за ургентна хирургија, првпат влегува во политиката. Најавува решавање на невработеноста, преку обновување на индустриските капацитети и изградба на нова технолошка развојно индустриска зона кај асфалтната база Романовце.

Во план се три нови детски градинки, три нови спортски сали, реконструкција и надградба на градскиот стадион и нов зелен пазар во населбата Гоце Делчев.

Ѓорѓиевски упати критики за работењето на досегашниот градоначалник:

„Локалната самоуправа го претвори Куманово во град кој се гуши во долгови, каде некои јавни претпријатија немаат позитивен биланс веќе неколку години, секој ден се појавуваат нови депонии во центарот на градот, а главна депонија е течението на Кумановска река, која поради тоа неодамна и се излеа и предизвика поплави и ненадоместливи штети", обвини кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Враќање од Авганистан

За граѓаните на општината приоритет е решавање на проблемот со невработеноста, чија бројка надмина 30.000. Како резултат на тоа илјадници кумановци заминаа во Авганистан, Ирак и во други ризични земји во потрага по

Kumanovo Mazedonien

Приоритет за кумановци е решавање на проблемот со невработеноста

егзистенција. Според неофицијални податоци, само во Авганистан во моментов има околу 7.000 кумановци. Но, печалбарството не ги зголеми само финансиските дознаки што од таму стигнуваат во Куманово. Поделеноста на семејствата го претвори Куманово во град со најмногу разводи, но и со заболени од „легионерска треска". Граѓаните се надеваат дека победникот на изборите ќе се справи со невработеноста во општината, која досега најмногу ја „решаваа" компаниите „Браун и Рут", „Флуор", „Дајмкорп" и „Еколог" со мобилизација на работници за Блискиот Исток.

Во општината во која се вкрстуваат Kоридорите 8 и 10, граѓаните очекуваат сите влезови и излези на Kуманово да бидат видно обележани и осветлени како што му доликува на еден модерен град. Бараат да се реши проблемот со водоснабдувањето, инфраструктурно да се уреди градот, но и нови детски градинки, бидејќи поради сегашниот мал капацитет секоја година незгрижени остануваат 200 до 250 деца.

За решавање на дел од овие проблеми во изборната трка ќе се натпреварува и независниот кандидат за градоначалник, Виктор Цветковски, кој до пред шест месеци беше претседател на Советот на Kуманово, а потоа „заради шурување со политичкиот конкурент" беше исклучен од СДСМ.