1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лекари без граници-повеќе донации, поголеми опасности

Донациите растат, но работата на лице-место станува се’ потешка - е резимето на хуманитарната организација „Лекари без гранци“ при претставувањето на извештајот за 2008 година.Организацијата е основана во 1971 година.

default

Илјадници луѓе во Африка чекаат на лекарска помош

На претставувањето на извештајот на германската секција, која постои од 1993, беше потсетено дека активистите - медицинари, работат во кризи подрачја и понекогаш го ризикуваат дури и животот. Минатата година донациите за „Лекари без граници“ во Германија пораснаа за 28 проценти и тие во најголем дел доаѓаат од приватни донатори. Организацијата има свои национални секции во 24 земји, а хуманитарно дејствува во 65 земји. Минатата година од Германија на терен беа испратени повеќе од 300 лекари, негуватели, бабици и немедицински персонал. Претседателот на германската секција Танкред Штебе се пожали дека во многу земји безбедносната состојба драматично се влоши и за хуманитарците.

„Во последните години бележиме значителен пораст на безбедносните инциденти, при што не зборуваме за поситни инциденти, туку за примена на сила, киднапирања, убиства. Нашите национални соработници се непропорционално повеќе погодени“.

Jahresbilanz Ärzte ohne Grenzen

Танкред Штебе

Битна е независноста од политичките интереси

Во февруари во Пакистан беа убиени двајца локални соработници на „Лекари без граници“ во борбите меѓу владините трупи и Талибанците.

„Невладините организации во Пакистан често пати ги доведуваат во врска со западната политика и поради тоа не ги респектираат многу. Затоа, за работата на ’Лекари без граници‘ е битна целосната независност од било какви политички интереси. Поимот невладина организација таму има многу негативен предзнак“.

Ни во Судан не е подобро, откако е издадена меѓународна потерница по претседателот Омар Башир: од кризниот регион Дарфур се протерани 13 хуманитарни организации, меѓу нив и холандската и француската секција на „Лекари без граници“.

„Суданската влада ги обвини ’Лекари без граници‘ дека соработувале со Меѓународниот кривичен суд, што е сосем погрешно. Организацијата не му дава никакви информации на судот и во сите земји работи независно и неутрално“, нагласува Штебе.


Автор: Бетина Маркс/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска