1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Лекарите мигрираат од Исток кон Запад

Од 01 мај Германија го отвори својот пазар на труд за граѓаните од источноевропските земји членки. Меѓутоа, тоа нема да предизивика голем бран на миграција велат експертите.

Doctor working with CT scan, Foto: Fotolia/Konstantin Sutyagin, 6408409 // Radiologie, Röntgen, Computertomographie, CT, CT-Aufnahme, Untersuchung, Gewebe, Bildschirm, Medizin, Diagnostik, Arzt, Gesundheit, Krankenhaus, Bildgebung, schnittbildgebendes Verfahren, Schnittbildverfahren, Schnittbilder

Лекарите на Запад заработуваат подобро отколку на Исток

Богдан Милек, претседател на Здружението на полските лекари во Германија го дели истото мисење: „Нема што многу да се промени, бидејќи во моментов работат околу 5.000 лекари во Германија. Прво дојдоа луѓето со германско потекло, кои дотогаш живееја во земјите од Источна Европа, потоа бегалците и најпосле стручните лица.“

Освен тоа, според Милек, досегашните ограничувања беше лесно да се заобиколат од страна на работодавачите и работниците. Полското министерство за здравство не очекува нов егзодус од Полска. Лекарите дури би се вратиле назад во својата татковина, се вели од Варшава. Една од причините е покачувањето на платите за лекарите во земјата. Освен тоа, светската стопанска криза ги влоши условите за полските лекари во странство, велат од министерството. Со овој факт се сложуваат и здруженијата на лекарите, кои велат дека издале десетпати помалку потврди, неопходни за вработување во странство, во споредба со 2004 година.

Бугарските лекари одат на Запад поради добрите услови за работа

A medical team performing an operation, Foto: Fotolia/astoria, 7735289 // OP, OP-Saal, Operationssaal, Ärzte, Operation, Krankenschwester, OP-Schwester, Untersuchung, Gewebe, Medizin, Diagnostik, Arzt, Gesundheit, Krankenhaus, Therapie

Условите за работа во болниците се подобри во западните земји

Отворањето на пазарот на труд го поздравија и бугарските лекари и покрај тоа што за нив пазарот ќе биде отворен дури од 2013 година. Нивните дипломи се признати во сите западноевропски земји-членки на ЕУ. Според, бугарскиот Сојуз на лекари, минатата година земјата ја напуштиле околу 500 лекари, а нивниот број се зголемува годинава. Во првиот квартал од 2011 Сојузот на лекари издал 145 потврди за работа во странство. Не е ниту за чудо, бидејќи за истата работа, лекарите добиваат десетпати поголема плата на Запад, отколку во Бугарија. Лекар со тројна специјализација во Софија заработува само 370 евра месечно.

Меѓутоа, лекарите не сакаат да се иселат само поради ниските плати, туку пред се` поради лошата инфраструктура и условите за работа во болниците во Бугарија. Корупцијата е уште еден проблем во бугарскиот здравствен систем. Голем број пациенти се жалат дека се принудени да плаќаат одредени здравствени услуги и лекови од сопствен џеб, и покрај тоа што се здравствено осигурани. Стекнувањето стручно лекарско образование во такви услови воопшту не делува стимулирачки за младите кадри, објаснува Невјана Драгнева. Таа не е единствена која има вакво мислење: „Поголемиот дел од студентите не сакаат да го завршат образованието во Бугарија, поради лошите услови. Вратите кон Запад веќе одамна се отворени. Голем број млади луѓе уште за време на нивните студии биле во странство и можат да ја споредат ситуацијата тука и таму“, вели 31-годишната Драгнева.

Годините за време на студирањето не се сметаат како работен стаж

scientist professor working in the laboratory, Foto: Fotolia/Canakris, 2627918 // Analyse, Biologie, Biologischer Giftstoff, Biotechnologie, Chemie, Chemieindustrie, Chemikalie, Flüssigkeit, Forschung, Gesundheitseinrichtung, Gesundheitswesen, Gift, Giftstoff, Labor, Medikament, Medikamente, Medizinische Forschung, Naturwissenschaft, Pharmaindustrie, Pharmakologie, Probe, Reagenzglas, Reagenzgläser, Technologie, Umweltwissenschaft, Wissen, Wissenschaft, ABC-Waffen, Antiserum, Biochemie, Biotechnologie, Blut, Blutanalyse, Drogen, Experiment, Heilmittel, biologische Waffen, chemische Waffen, ABC-Waffen, Antiserum, Biochemie, Biotechnologie, Drogen, Experiment, Heilmittel, Wissenschaft, biologische Waffen, chemische Waffen, Untersuchung, Zellen, Medizin, Diagnostik, Arzt, Gesundheit, Krankenhaus

По студиите младите лекари заминуваат на Запад

Она што особено е разочарувачки за идната лекарка е тоа што годините за време на студирањето не се сметаат како работен стаж. Само малкумина за време на студирањето добиваат 240 евра месечно. Од парите треба да ги платат и социјалните давачки и уште 90 евра здравствено осигурување. Романскиот здравствен систем се соочува со слични проблеми како и бугарскиот. Миграцијата на лекарите во Романија е многу поголема, отколку во Полска и Бугарија. По приемот на земјата во европското семејство во 2007 година, околу 6.000 лекари, заболекари и фармацевтски лица ја напуштија земјата. На почетокот на 2010 година илјадници лекари и специјалисти се пријавија на специјализираните берзи за работа. Освен тоа, Романија е на последно место во ЕУ, кога се работи за бројот на лекари кои работат во однос со густината на населението. Според статистиките, тоа се околу два лекари на илјада жители. Европскиот просек изнесува 3,3 лекари, вели романската европратеничка Оана Антонеску.

Летото 2010 романската влада ги намали платите во јавните служби, вклучително и медицинакиот персонал, за 25 проценти, со цел да го санира државниот буџет. Така уште повеќе се намалија платите и на онака лошо платените лекари. Тоа беше уште една причина тие да емигрираат во странство. Се’ додека не се подобрат условите во здравствениот систем, лекарите ќе се иселуваат во Западна Европа во потрага по подобри услови за работа и поголемо признание за нивната работа.

Автор: Благородна Григорова / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска