1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Легендарниот Фергусон се пензионира!

Легендарниот Алекс Фергусон ќе се повлече од кормилото на Манчестер Јунајтед на крајот од оваа сезона, потврди денеска (08.05) клубот.

По интензивните шпекулации дека Алекс Фергусон до крајот на неделава ќе соопшти дека се повлекува од Манчестер Јунајтед, 71-годишникот ја објави својата одлука на интернет страницата на клубот.

Тој е на кормилото на клубот од 1986 година. Пред една и пол недела Фергусон одбележа 49 години тренерска работа, по што изјави дека во Манчестер Јунајтед има „многу млади“ и дека „нема причина зошто не би се продолжило со работа за нaредната година да биде уште подобра“.

Фергусон планира операција на колкот во наредните недели, но досега ги демантираше извештаите дека поради операцијата нема да седне на тренерската клупа на почетокот на наредната фудбалска сезона. Инаку, тој од 2004 година носи пејсмејкер. Во февруари рече дека здравствени проблеми би биле единствена замислива причина за да замине во пензија.