1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Легендарната таверна во Лајпциг

Ауербах Келер е еден од најстарите германски пабови. Благодарение на „Фауст“, познатото литературно дело на Гете, таверната во Лајпциг стана една од најпознатите во светот.

default

Ауербах Келер стана познат по гетеовиот „Фауст“

Ауербах Келер, пријатна и речиси 500 години стара пивница во источно-германскиот град Лајпциг, нуди специјален пијалок – „Мephisto`s Feuer“ или „Пламенот на Мефисто“. Неверојатно вкускиот пијалок е наречен по еден од најпопуларните фиктивни ликови на Гете.

Пабот, кој се ноѓа во сутеренски простории, е лесно да се најде. Треба само да ја поминете познатата „Mädler passage“ во центарот на градот и ќе ги видите бронзените фигури изработени од уметникот Метју Молитор ( 1873 - 1929). Фигурите, изработени според главните ликови на „Фауст“ од Гете, покажуваат на подземјето каде се наоѓа пабот.

Хенрих Стромер од Ауербах (Баварија) , во 1497-та година се преселил во Лајпциг. Физичарот по професија, се оженил со

euromaxx a la carte 28.04.2005 restaurant 1

Ресторан

ќерката на пратеникот Ханс Химелхајн, од кого Стромер ја наследил зградата која подоцна остана врежана во литературните анали и во историјата на пиењето.

Стромер во подрумот на зградата во 1525-та година отворил вински бар. Тоа била втора отворена таверна во Лајпциг и една од најстарите во Германија. Со текот на времето таа станала популарно место за собирање на студентите и професорите.

Пакт со ѓаволот

Јохан Волфганг фон Гете, најпознатиот германски поет, за време на неговите студии во 1760-те, минал многу време во Ауербах Келер. Познат по неговата елоквентност, знаел и да ужива испивајќи чаша или две вино. Или, можеби малку повеќе – за поетот се вели дека знаел да испие дури и три шишиња вино на ден.

Ауербах Келер истовремено станал извор на инспирација за Гете. Според легендата, историскиот Др. Фауст, контроверзен маѓепсник и алхемичар од Витенберг, бил измислен во таверната, во 1525-та година. Гете го искористил како главен лик во неговото ремек- дело „Фауст“, приказна во која средновековниот ученик прави пакт со ѓаволот.

euromaxx a la carte 28.04.2005 restaurant 2

Гостилница

Сцените и легендите од приказната за Фауст ги покриваат ѕидовите , но и таванот на Ауербах Келер. Историските слики, како и скулптурите на уметници од повеќе ери, во пространата просторија ја портретираат посетата на ученикот и присуството на ѓаволот.

Графички цртежи нема само во легендарниот паб во Лајпциг, туку тие можат да се видат и на поштенски марки, на книги, салвети, пехари, колачи, бисквити и на многу други сувенири.