1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Легализирање наместо криминализација

Американскиот претседател Џорџ Буш во понеделникот се заложи за опсежна реформа за законот за доселување. Поинаку отколку поголемиот дел од членовите на републиканската партија, претседателот има намера да го легализира статусот на имигрантите кои имаат вработување.

Демонстрации во Лос Анџелес

Демонстрации во Лос Анџелес

Во Милвоки, Феникс и калифорнискиот Лос Анџелес изминативе денови на улица излегоа стотици илјади демонстранти. Тие демонстрираа против планираниот закон за доселеници. Артуро Родригез, шеф на синдикатот на фармерите, во неделата во Лос Анџелес истакна

„Наредните денови кон нашиот протест ќе се приклучат милиони луѓе. Ќе се создаде движење во цела Америка – во корист на реформа на имиграцијата.“

Според проценките на синдикатите, 30 – 40 проценти од работниците во земјоделството имаат илегален престој во земјата. Повеќето доаѓаат од пограничните региони како Мексико и земјите на Латинска Америка. Доколу законот што го одбри Претставничкиот дом го одобри и Сенатот, тогаш сите овие работиници ќе бидат третирани како криминалци и како и нивните работодавци мора да сметаат на казна затвор. И покрај тоа што тие го работат она што ниету еден Американец не го сака. Фармерите берат памук, јагоди или портокали, а најчесто се платени и под законски одредената најниска плата.

Претседателот Буш сака да го легализира нивниот статус. Тој е против законот на републиканските тврдокорци. На една церемонија за доделување државјанство во понеделникот Буш ја истака доселеничката традиција на Америка

„Доселувањето е обележје на самосвесна и успешна нација. Тоа зборува за земјата, дека луѓето насекаде во светот ги напуштаат своите семејства и ризикуваат се за да дојдат во Америка. Нивниот талент и нивната работа направија од Америка водач во слободниот свет.“

Но Буш знае дека по прашањето за доселениците, поголемиот дел од членовите на неговата партија не го дели неговото мислење.

Џек Мартин од Американската фондација за имиграциона реформа смета

„Потребна ни е реформа, која најпрво ќе ги осигура нашите граници. Не смее повеќе да има илегално доселување.“

Имено бројот на илегалните доселеници во САД во последниве години се зголеми. Некои политичари сакаат да се ограничи статусот на имигрантите, други пак сметаат дека нивниот статус треба да се легализира, сепак како и по многу други прашања и за темата доселувања Америка во момнентов оддава впечаток на поделена нација.