1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Левицата на Оланд на победнички курс

Франција се наоѓа пред политичка премиера: за првпат еден левичарски Претседател би можел да владее со поддршка од мнозинство во двата дома на парламентот. Левицата и на парламентарните избори се наоѓа во предност.

Еден месец по изборот на Франсоа Оланд за претседател на државата, неговите социјалисти ја слават следната победа. Заедно со нејзините партнери од левиот спектар, Социјалистичката партија (ПС) има јасна предност пред конзервативците по вчера-оддржаниот прв круг парламентарни избори во Франција.

Значително свртување кон лево

Wahl in Frankreich

Во вториот круг одат кандидатите кои освоиле најмалку 12,5 проценти од гласовите

Доколку оваа предност биде потврдена и по вториот круг на изборите на 17 јуни, Оланд ќе може да смета на широка поддршка за неговата реформска политика. Прогнозите велат дека само Социјалистите и Зелените би можеле да освојат и апсолутно мнозинство, кое во секој случај им е сигурно со поддршка од другите левичарски партии. Според пресметките ПС би можела да освои од 275 до 339 од вкупно 577 места во Националното собрание во Париз, додека за Зелените се предвидуваат меѓу 12 до 18 места.

Без партнер

Десно-конзервативната „Унија за народно движење“ (УМП) на поранешниот претседател Никола Саркози од друга страна на национално рамниште оствари сличен изборен резултат како и социјалистите. Но, поради немањето соодветен коалициски партнер веројатно ќе мора да оди во опозиција. УМП, која до пред кусо време беше целосно определена од ликот на Саркози, досега го имаше мнозинството во долниот дом на францускиот парламент. Меѓутоа, по неговиот изборен пораз во мај Саркози се повлече од политиката.

Повторно успех на екстремната десница

Frankreich Wahl Nationalversammlung 2012

Партијата на Марин Ле Пен освои 13 до 14 проценти од гласовите на Французите

Добар резултат на вчерашното гласање повторно оствари Националниот фронт на десничарската популистка Марин Ле Пен. Според пресметките партијата освоила меѓу 13 и 14 проценти од гласовите на национало ниво. Самата Ле Пен во нејзината изборна единица се наоѓа во предност и во вториот круг ќе води битка со кандидат на социјалистите.

Конечниот состав на новоизбраното Национално собрание ќе биде познат по вториот круг гласање на 17 јуни. Тогаш уште еднаш ќе се гласа во сите изборни единици, во кои ниту еден од кандидатите не добил апсолутно мнозинство во првиот круг. Наредната недела за победа е доволно обично мнозинство. Во вториот круг место на гласачкото ливче изборуват сите кандидати кои на вчерашното гласање освоиле најмалку 12,5 насто од гласовите.

Излезноста на вчерашното гласање беше околу 60 проценти, што е за нијанса помалку од претходните парламентарни избори во 2007 година.