1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Левицата го ублажи поразот

Партијатата на Никола Саркози при вториот круг од парламентраните избори во Франција освои абсолутно мнозинство, но нејзината победа е далеку од најавуваниот син бран.

default

Избори во Франција

Ако поразот на левицата на парламетарните избори беше очекуван, Социјалистите, Радикалната партија на левицата и Републиканското движење на граѓаните, по вториот круг на гласањето успеа да освои 206 пратенички места, наспроти досегашните 149. Заедно сите партии од левицата имаат 227 пратеници. Од кои зелените 4 и комунистите 17.

И покрај рекордно слабата мобилизација на само 60% од запишаните француските избирачи, тие се одлучија да ја урамнотежат политичката сцена. „Најавениот син бран кој требаше да однесе сé, не се случи, тоа е добро за земјата, Франција има потреба од своите две нозе“, оцени Франсоа Холанд првиот секретар на Социјалистичката партија.

Социјалистите треба да извлечат поука

Социјалистите не се залажуваат со нивниот релативен успех, бидејќи сепак тие се поразени по втор пат. Луциден, Холанд подвлече дека овие резултати и наметнуваат на Социјалистичката партија да биде корисна за земјата и да извлече поука од неуспехот на претседателските и парламентарните избори, за да може повторно да се втемели.

Parlamentswahlen in Frankreich - letzte Runde

Во последната рунда Ројал го ублажи поразот

Во тоа ново втемелување, социјалистите ќе мораат да сметаат на Сеголен Ројал, која се гледа како наследничка на својот досегашен животен сопатник Франсоа Холанд, со кој официјално се разделуваат.

Успехот на социјалистите според Ројал се должи на „продолженото движење и динамиката започната на претседателските избори“, таа дури ги даде и четрите предизвици за социјалситите во наредниот период.

Бајру со критика за изборниот систем

Франсоа Бајру, чија нова партија во центарот МОДЕМ, освои 5 пратенички места и чии сичпатизери придонесоа за успехот на социјалистите нагласува: „Во Националното собрание ние ќе ги претставуваме сите оние кои се неправедно отстранети, кои имаат место но изборниот систем не им дозволува да бидат присутни“. Како претставници на плурализмот и различноста тие ќе се обидат да се изнајде подобра рамнотежа во земјата.

Славеничката еуфорија изостана

Во редовите на УМП - Унијата за народно движење и покрај победата, славеничката еуфорија од првиот круг изостана.

Претседателското мнозинство од 359 седишта со колку што располагаше досега, вчера освои 344, од кои УМП 317. Алан Жупе, вториот човек од владата на Франсоа Фијон, беше поразен во Бордо по што поднесе оставка на министерската функција на која остана само еден месец. Поразот на поранешниот француски премиер најверојатно значи и крај на неговата политичка кариера.

Јасен избор на Французите

Frankreich Parlamentswahlen - Francois Fillon

Францускиот премиер на гласање

Според премиерот Франсоа Фијон, гласањето за новиот состав на парламентот заврши со јасен избор на Французите. „Оваа победа го наградува прекрасниот елан предизвикан од Никола Саркози. Таа ја потврдува нашата волја за отворање, таа го потврдува и нашиот проект за одлучно модернизирање на Франција“

Францускиот премиер потсети дека започнувајќи од јули новиот Парламент ќе биде повикан да се изјасни за законската регулатива во областа на договорите за работам куповната моќ, модернизацијата на универзитетите, минималните услуги во јавниот превоз и имиграцијата.