1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Леверкузен се врати на врвот на Бундеслигата

Победата на гостувањето кај Хофенхајм го врати Бајер од Леверкузен на чело на табелата. Тренерот на шампионот Волфсбург, Армин Фе, е на чекор до отказ по поразот од Келн. Одличен викенд за германските скијачи.

default

Кратко траеше престојот на врвот на табелата, Бајерн Минхен

Тони Крос пружи уште една одлична партија, откако даде еден и асистираше при другите два погодока за лидерот на табелата Леверкузен на гостувањето кај Хофенхајм. Хипија и Барнета беа стрелци на другите два гола. И покрај убедливиот резултат, тренерот Јуп Хејнкес имаше забелешки на играта во првото полувреме:

„Ја немавме контролата врз играта и не доминиравме. На полувреме им реков на играчите дека мораме да ја преземеме иницијативата, и тоа и го сторивме. Го покажавме нашиот квалитет и во второто полувреме можевте да видите зошто сме на чело на Бундеслигата.“

Кракто траеше радоста на Бајерн Минхен кој се искачи на врвот на табелата по саботната победа во дербито во Бремен против Вердер. Во натпревар кој изобилуваше со пресврти и многу шанси, Холанѓанецот Арјен Робен им ја донесе победата на баварците од 3:2 со одлично изведен слободен удар, на 12 минути пред крајот на мечот. Тренерот Луј Ван Хал беше задоволен од исходот:

„Ми се допадна што бевме агресивни и што ја искористивме играта на Бремен во наша полза. За жал, не искористивме и голем број шанси за гол“, рече холандскиот стратег, чиј тим ја забележа и осмата победа едноподруго во сите конкуренции и се зацврсти на второто место.

Одличната серија ја продолжи и тимот на Борусија Дортмунд кој се искачи на четвртото место на табелата. Во шестата победа по ред, жртва беше тимот на Хамбургер, чии играчи се чини повеќе беа во очекување на новото засилување Руд Ван Нистелрој, отколку што му парираа на противникот. За трите бода да останат во Дортмунд, доволен беше голот на Валдез во 36-та минута.

На третото место падна Шалке, чии играчи викендов прокоцкаа предност од 2:0 на гостувањето кај Бохум. По сигурната игра и водството до 82-та минута, фудбалерите на Феликс Магат успеаја за неполни 8 минути да примат два гола и да се вратат дома со само еден бод.

„Секогаш постои стравот дека кога водите со два гола предност нагости ќе почнете да се чувствувате релаксирано. Токму тоа ни‘ се случи нам денес. На двапати заспавме и направивме големи грешки и на крајот подаривме два бода“, оцени Магат.

Се тресе клупата на Армин Фе

Bundesliga Wolfsburg gegen Köln

Седумте меча без победа ја прелеаја чашата кај раководството на Волсфбург. Армин Фе пред отказ

Тренерот на актуелниот првак Волфсбург, Армин Фе е на тенок мраз, откако вчера неговите играчи претрпеа пораз од 3:2 на домашен терен од Келн. Гостите на мечот настапија без главните звезди, Подолски, Новаковиќ и Ишијаку, но успеаја да го остават првакот без победа и во седмиот меч едноподруго и падна на 10-то место на табелата.

Медиумите шпекулираат дека раководството на клубот веќе трага по нов тренер, но директорот Дитер Хенес не сакаше да коментира за иднината на Фе:

„Факт е дека тренерот работи многу конзистентно и посветено. Но, реалноста покажува и дека примаме неверојатен број на голови и со оглед на пласманот на табелата не ги исполнуваме очекувањата.“ Волфсбург досега сезонава прими 38 гола, што е повеќе од 2 во просек по натпревар. Само последнопласираната Херта има примено повеќе.

Берлинскиот тим, пак, викендов, сепак успеа да ја задржи неначната сопствената мрежа, но не успеа ниту да го погоди противничкиот гол. Во дуелот со Менхенгладбах на домашен терен, Херта успеа да одигра само 0:0 и остана на дното со 10 освоени бодови.

Саботните натпревари донесоа уште еден нерешен резултат во Нирнберг, каде домашниот тим одигра 1:1 со Ајнтрахт од Франкфурт. Со освоениот бод, гостите се зацврстија во горниот дел од табелата, додека Нирнберг го делат само три бода од самото дно на Бундеслигата.

Навивачите очекуваа многу од новиот тренер на Хановер, Мирко Сломка, но тимот забележа нов пораз. Овојпат на гостувањето кај Мајнц, доволен беше еден гол во нивната мрежа за нови три бода за тимот на македонскиот репрезентативец Николче Новески.

За разлика од Сломка, швајцарецот Кристијан Грос му ја донесе и третата победа по ред на тимот на Штутгарт, откако седна на клупата. Со голот на Марица во првото полувреме, Штутгарт го совлада Фрајбург со 1:0 и побегна од опасната зона.

Нојројтер за историјата!

Felix Neureuther

По 30 години, еден Нојројтер повторно победи во Кицбил

Викендов имаше богата понуда и на снежните патеки ширум Европа, а најмногу причини за радост имаа германските натпреварувачи. Германецот Феликс Нојројтер победи на слаломот во Кицбил. За 25-годишниот скијач тоа беше прва победа во кариерата, и тоа точно 30 години, откако неговиот татко Кристијан победи на истата слаломска патека. Во нордиските дисциплини, тимот на Германија однесе победа во светскиот куп во комбинација кој се одржа во Шонах. Австриецот Грегор Шлиренцауер забележа двојна победа на викенд-натпреварувањето во скијачки скокови во полското Закопане. Во генералниот пласман води Симон Аман, но сега со само 20 поени предност пред австриецот.

Автор:БГ/ЕМФ/дв/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска