1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Леверкузен и Дортмунд „дигнаа раце“ од титулата

Двата најблиски ривали на Бајерн во битката за титулата, Бајер и Борусија, по 23. коло како да се откажаа од битката за титулата во Бундеслигата. Дербито на дното се одигра во Аугсбург.

Последниот меч од колото заврши без голови, исто како и првиот, кој се одигра во петокот. Последно пласираниот тим на табелата Гројтер Фирт му беше домаќин на третопласираниот Бајер Леверкузен. Обата тима промашија повеќе шанси за гол, но тимот од Леверкузен не може да биде задоволен од исходот, особено по киксот на второпласираната Борусија Дортмунд на гостувањето во Менхенгладбах. Дуелот на двете Борусии заврши нерешено 1:1. Поведоа гостите од Дортмунд во првото полувреме, а конечниот резултат беше поставен во вториот дел. Куриозитет на мечот беа промашувањата на домашниот напаѓач Млапа и на гостинскиот капитен Кел. Обајцата успеаја да промашат празен противнички гол од непосредна близина во последните моменти од дуелот.

И повторно, од киксот на директните конкуренти профитираше Бајерн Минхен кој го зголеми водството на табелата на 17 бода. Баварците го „растурија“ Вердер во Минхен со 6:1. До каде оди самоувереноста на фудбалерите на Бајерн најдобро говори изјавата на капитенот Филип Лам по мечот во која тој изрази жалење што тимот примил гол на мечот, инаку прв во пролетниот дел од сезоната во Бундеслигата. Големото славје на теренот го збогати и големиот јубилеј на тренерот на Бајерн, Јуп Хајнкес, кој го прослави својот 1000. натпревар како фудбалер и тренер во Бундеслигата.

„Петарда“ за Хамбургер

Fußball Bundesliga 23. Spieltag Hannover 96 vs. Hamburger SV

Дидие Ја Конан (Хановер)

Богат со голови беше и дуелот на северот меѓу Хановер и Хамбургер. Гостите од Хамбург си заминаа дома со полна мрежа. Хановер победи со 5:1 и повторно се врати во игра за едно од местата на табелата кои водат во европските натпреварувања следната сезона. Конечно победи и тимот на Шалке по четири неуспеси едноподруго. Во Гелзенкирхен победен беше тимот на Фортуна Диселдорф со 2:1.

Ново разочарување за навивачите на Штутгарт, чиј тим не успеа да го совлада Нирнберг на домашен терен. Конечните 1:1 сепак му донесоа важен бод на Нирнберг во борбата за опстанок. Дербито на дното се одигра во Аугсбург, каде истоимениот домашен тим извојува многу значајна победа над Хофенхајм од 2:1. За првпат сезонава Хофенхајм сега е во делот од табелата кој води директно во втората лига, додека Аугсбург е едно место пред него.

Во Мајнц, реми 1:1 одиграа истоимениот домаќин и Волфсбург. Во петочниот прв дуел, најпријатните сезонски изненадувања Фрајбург и Ајнтрахт одиграа разочарувачки 0:0.