1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Лебедев се повлекува од Русија

Рускиот претприемач и милијардер Александар Лебедев се повлекува од Русија. Тој се чувствувал загрозен од внатрешните тајни служби. Што ќе биде со неговиот бизнис засега е неизвесно.

„Тоа беше, се предавам, тајните служби победија“, изјави владиниот критичар, економски магнат Александар Лебедев за новинската агенција Интерфакс. 53 годишниот олигарх и медиумски могул најави дека ќе се откаже од неговите бизниси во Русија, бидејќи бил изложен на закани и изнудувања од страна на внатрешните тајни служби на Русија, кои повеќе не можел да ги издржи. Лебедев во минатото поддржуваше опозиционери и лично повеќепати изрази критика.

Russland Presse Nowaja Gaseta Zeitung

Весникот „Новаја газета“

Поранешниот официр на КГБ во Русија меѓу другото раководи со банка, има удел во руската авиокомпанија „Аерофлот“ и заедно со поранешниот руски претседател Михал Горбачов е косопственик на опозициониот весник „Новаја газета“. Лебедев смета дека причина за притисокот од страна на безбедносните сили се истражувањата за корупциски случаи што ги води неговиот весник. Освен ова во филијалите во неговата банка во последните три години повеќепати биле спроведени рации. За рускиот интернет портал „gazeta.ru“ тој ги изнесе неговите сознанија, дека нападите врз неговата личност биле наредени од политиката.

Изминатите месеци Лебедев го поддржуваше познатниот блогер и критичар Алексеј Навални, кој се вбројуваше меѓу водачите на протестите против тогашниот премиер Владимир Путин. Освен ова со повеќе лични писма се заложи за панк-бендот „Пуси Рајот“. Против три членки на овој бенд во моментов се води процес во Москва, поради тоа што во централната црква во Москва и се молеа на Богородица да го протера Путин.

Александар Лебедев и претседателот Владимир Путин заедно беа агенти на поранешната руска тајна служба КГБ.

Лебедев смета дека неговиот бизнис, во вредност од повеќе од една милијарда долари, неможе да го продаде без добронаклонетост на тајните служби. Тој не ја исклучи можноста, неговиот имот да го предаде на личност од негова доверба. За радиостаницата „Ехо Москва“ тој информираше дека планира делови од неговито удел во „Новаја газета“ да им ги предаде на соработниците на весникот, за да може да работи понатаму. Досега 51 процент од весникот им припаѓаат на новинарите.

Магазинот „Форбс“ имотот на Александар Лебедев го проценува на 1,1 милијарди долари. Освен бизнисите во Русија, тој работи и во Велика Британија. Таму ги поседува весниците „Индепендент“ и „Ивнинг стандард“.